Кога имам барем 5 минути ја правам оваа торта…Многу лесно и брзо…Додека го сварам кафето и гостите ги послужувам…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (За калап 24 см):
За основа:
300 г мелени бисквити
100 мл сок од портокал
100 г растопен путер
И уште:
1 пакување јафа бисквити
приближно 100 мл сок од портокал за натопување
За кремот:
500 г маскарпоне (крем сирење)
400 мл слатка павлака
200 г кондензирано млеко
ПОСТАПКА:
1.Помешајте ги состојките за основата и смесата натапкајте ја на дното од калапот. одозгора наредете јава кекси кратко натопувани во сок.
2.Во длабок сад пенасто изматете го крем сирењето, додајте ја павлаката и кондензиранито млеко, па сето заедно изматете да се соедини.
Смесата сипете ја во калапот и тортата оставете ја најмалку 6 часа во фрижидер. Одозгора декорирајте со какао. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/o3cqMZfVgEs?si=rF_c385lJIoRri2V