Потребни состојки:
1 тиквичка
4 големи лажици пченкарно брашно
1-2 јајца
1 прашок за печиво
½ лажичка сол и малку црн пипер
Постапка:
Тиквичката измијте ја и излупете ја (ако е домашна не ја лупете), па изрендајте ја и малку насолете ја колку да ги испушти течностите.
Во еден сад измешајте јајце, пченкарно брашно, прашок за печиво и додадете ја исцедената тиквичка. Со раце формирајте ќофтиња и пржете ги во загреано масло.
Пржените тиквички вадете ги на хартиена салветка. Од оваа количина излегуваат 6 ќофтиња/плескавици со средна величина.