ЌОФТИЊА ОД КОМПИР….Јас вака ги правам и добивам ручек за 20 минути. Од остокот од компир пире што ми останало, а некогаш и самостојно варам компир. Одличен прилог за со месо и салата или наместо компир пире…Рецепт на Јоги. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

750 г пире од компири (од претходниот ден)
1 јајце
1 лажица сув зеленчуков зачин (вегета)
5 лажици ситно сечкан магдонос
3 лажици лебни трошки (презла)
3 лажици брашно (остро)
1-2 чешниња сечкан лук (или лук во прав по вкус)
црн пипер по вкус
1 главица кромид
50 г суви домати

ПОСТАПКА:

На малку масло пропржете го ситно исечканиот кромид додека да добие стаклесто жолта боја и да омекне. Исцедете го маслото на хартиена салфетка. Исушените домати исечкајте ги.

Пирето од компири (од претходниот ден може и свежо) само загрејте го малку во микробранова печка за полесно да се соедини со останатите состојки, а потоа додајте ги сите останати состојки и кратко промешајте (месете) додека рамномерно да се распоредат состојките и да добиете компектна смеса.

Работната површина посипете ја со брашно, обликувајте ги ќофтињата, валајте ги во брашното од двете страни и редете ги на работна површина.

Пржете ги на малку масло, на средно умерена температура, приближно 4-5 минути вкусно, односно по 2-3 минути од секоја страна. Готови се кога ќе добијат златнокафеава боја.

Главно ги правам кога ќе ми остане класично пире: сварен и испасиран компир, посолен и помешан со малку путер и млеко. Ако немате сув домат слободно изоставете го, а го ставам најмногу поради бојата.