Ручек – прсти да излижеш!
Потребни состојки:
500 г мелено месо
1 јајце
1 главица кромид ситно сечкан
1 чешне лук ситно сечкано
2 лажици презли
1 лажица вегета
1 лажица масло
Сол, црн пипер, малку слатка пиперка
За СОС:
500 мл доматен сос
3 чаши вода
50 мл масло
3 лажици брашно
сол
1 лажица шеќер
малку слатка пиперка
Постапка:
Измешајте ги сите наведени состојки за ќофтето и оставете најмалку половина час во фрижидер, потоа обликувајте топчиња со величина по желба.
СОС: пропржете малку брашно на масло, додадете доматен сос, измешајте и полека додавајте вода, а потоа и зачини.
Штом зоврие, додавајте едно по едно топче месо, намалете го огнот и гответе на умерена температура околу 40 минути.
Послужете со компир пире.
recepti.com