Кнедлите со јаболка од две состојки кога за првпат ги правев, не верував дека ќе излезат нешто посебно. Но, ме восхитија со вкусот! Потоа започнав да истражувам и да барам нови рецепти, па така го открив и овој, во кој се додаваат и компири, па ќе ви ги прикажам и двата рецепти, а вие одберете си кој повеќе ви одговара.
Кнедли со јаболка од 2 состојки:
За рецептот од две состојки нема некоја голема филозофија: јаболката ги рендате, лесно ги процедувате без гмечење.
Додавате постепено брашно и месете со раце додека да добиете смеса која можете да ја обликувате со раце. Варете ги во вода во која сте додале малку сол и малку масло додека да испливаат, околу 10 минути.
Направете смеса од презли и наросете ги со мешавина од шеќер и цимет.
Подолу можете да го видите и видеото за приготвување на овие кнедли.
Ќе се задржам повеќе на следниот рецепт, од јаболка и компири.
Потребни состојки:
4-5 варени компири
350 г брашно отприлика
40 г маргарин или путер
4 јаболка ситно сечкани
3 лажици шеќер
и уште:
презла, 4-5 лажици масло, 3-4 лажици шеќер
Постапка:
Ова е старински рецепт, некогаш вака се приготвувале кнедли од јаболка.
Варениот компир испасирајте го и додадете го во ситно сечканото јаболко. Потребно е компирот да биде врел за полесно да се спојат состојките.
Компирот е повкусен кога се вари во лушпа.
Додаваме путер или маргарин и го мешаме во топлиот компир за да се растопи. Додаваме и 3 лажици шеќер и брашно, па замесуваме со рака за да се соединат состојките.
Со раце се формираат топчиња со величина по желба и редете ги на побрашнета работна површина.
Потоа се валкаат во брашно. Излегуваат околу 30.
Додека се формираат топчињата, ставете вода на оган со малку сол да зоврие.
Кнедлите спуштете ги во врела вода да се сварат, поклопете и намалете ја температурата. На друга рингла ставете ја презлата со шеќерот да се запржат.
Варените кнедли се валкаат во презлата.
Деталите погледнете ги во видеото:
За кнедлите од две состојки: