Р усите се познати како љубители на ферментирани млечни производи како што се јогуртот, кефирот и киселото млеко, бидејќи наоѓаат потврда за нивната ефикасност во долговечноста на нивните предци од Кавказ, кои ги јаделе во огромни количини.

КРАВЈО КИСЕЛО МЛЕКО

Поради пробиотските култури, киселото млеко од крава е погодно за лекување на дигестивни проблеми. Кравјото кисело млеко има позитивни ефекти врз подобрувањето на имунитетот и зајакнувањето на целиот организам.

Спречува болести на срцето и кр-вните садови и може да помогне при разни кожни болести, егзема и парадентоза. Има способност да ги ублажи симптомите од ПМС и се покажало ефикасно во случај на несоницата.

Особено се препорачува во исхраната на постари лица и деца, бидејќи спречува развој на анемија. Киселото кравјо млеко содржи: протеини, млечни масти, јаглени хидрати, натриум, калциум и калиум, како и витамини Ц, А, Д, Б1 и Б12. Енергетска вредност: 65 калории на 100 грама

Поттикнете го варењето на храната

Потребни состојки: 10 свежи листови спанаќ и 1 чаша кисело млеко

Постапка: листовите од спанаќот добро измијте ги и ставете ги во блендер, а потоа додајте кисело млеко и изблендирајте додека да се изедначи смесата. Совет: бидејќи во рецептот се користи свеж спанаќ, потребно е истиот добро да се испере со ладна вода и да отстои во вода со оцет или сода бикарбона.

Киселото млеко додавајте го постепено во блендерот, по неколку лажици, додека да се иситни добро спанаќот, а потоа додајте го остатокот од киселото млеко. Најдобри резултати се добиваат ако ова јадење се кон.сумира наутро на празен стомак и навечер пред спиење. Ова ќе ја поттикне и подобри дигестијата.

ОВЧО КИСЕЛО МЛЕКО

Киселото млеко од овци се смета за природен антибиотик и антисептик. Исто така, содржи витамини од Б-комплекс и лецитин, и тие придонесуваат за формирање на здрава кожа и коски, но исто така учествуваат во одбраната на организмот од ст.рес. Ова кисело млеко има корисен ефект врз растот на косата и ноктите и одржување на здравјето на забите.

Овчото млеко е погусто од козјото на пример, па дури и од кравјото, а исто така има и најсилен вкус и има повисока масленост, па ако планирате да намалите на тежина, тогаш подобро е да го избегнувате.

Исфрлете вишокот течности (ако имате отоци и задршка на течности)

Во шолја кисело овчо млеко додајте сечкан копар, магдонос и коријандер. Од билките додајте по 1-2 лажици, односно прилагодете по вкус и според интензитетот на зачините. Ова е познат р уски е ликсир кој помага полесно да се исфрлат заржаните телесни течности во организмот.

КОЗЈО КИСЕЛО МЛЕКО ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ХОЛЕСТЕРОЛОТ

Козјото кисело млеко е помалку популарно од кравјото и овчото поради специфичниот вкус и силниот мирис. Сепак, тоа е најздравата верзија, бидејќи козата е позната и по своето добро здравје, издржливост и чистота.

Имено, козата иако не е сештојад, туку е тревопасна како и кравата и овцата, но сепак нејзината исхрана се разликува од нивната, бидејќи не јаде што било. Дури и кога станува збор за билките, козата е најпребирливото животно.

Се храни со свежи и исклучиво чисти лековити билкички и млади гранчиња. Затоа, козјото млеко е едно од најлековитите, а воедно и најнемасните видови млеко, според вредноста најблиску до мајчиното млеко.

Козјото млеко полесно се дигестира од кравјото, затоа е погодно за исхрана кај луѓе кои се нетолерантни на лактоза од кравјо млеко, бидејќи содржи само траги од овој протеин.

Козјото млеко е значително побогато со есенцијални аминокиселини и протеини од кравјото млеко. Тоа е одличен извор на таурин, што го прави сличен на мајчиното млеко. Содржи фосфолипиден холин, кој ја потикнува оксидацијата на мастите во црниот дроб и ја одржува концентрацијата на холестерол во крвта.

Затоа, козјото кисело млеко се препорачува во третманот на заболувања на црниот дроб, особено цироза. Р усите го пијат често затоа што веруваат дека го зајакнува имунитетот и лекува белодробни заболувања.

Исчистете го организмот

Измешајте 180 мл козјо кисело млеко и лажица варена хељда и оставете да отстои во фрижидер или во ладна просторија преку цела ноќ. Промешајте наутро, додајте лажица мед и ова јадете го наместо појадок. После оваа каша, не јадете ништо најмалку три часа. Третманот трае 14 дена.