Малкумина се оние кои не ги сакаат киселите краставички, а речиси и да нема такви. Киселите краставички доста често се на менито поради нивниот вкус, но и поради здравствените бенефити. Содржат голема количина вода, протеини, многу малку маснотии, а многу диетални влакна.
Покрај тоа, тие се богат извор на минерали, вклучувајќи калиум, натриум и фосфор. Тие исто така содржат витамини како што се витамините Ц, А, Б-6, Б-12, рибофлавин, ниацин и тиамин. Тие се моќен антиоксиданс – го штитат телото од слободните радикали, нестабилни хемикалии кои ги оштетуваат клетките во нашето тело.
Тие се одличен пробиотик – го балансираат варењето и го забрзуваат создавањето добри бактерии кои се клучен дел од нашата здрава дигестија. Го штитат црниот дроб – покрај тоа што го подобруваат варењето, киселите краставички го штитат и црниот дроб и му помагаат да ги филтрира ток-сините од телото.
Тие спречуваат создавање на чир на желудник – чир е внатрешна ра-на на желудникот, односно ош-тетување на слузокожата предизвикана од бактериии и желудочни сокови. Киселите краставички го штитат желудникот и спречуваат појава на вакви чирови.
Помагаат при дијабетес. Истражувањата покажуваат дека киселите краставички го стабилизираат количеството на хемоглобин – протеин во црвените кр-вни клетки што носат кислород. Киселите краставички со нивната содржина помагаат да се контролира дијабетесот.
Течноста од киселите краставички е исто така здрава и можете да ја користите во разни цели. За максимални ефекти се пие мала шолја (60-70 мл) течност дневно. Може да ја разредите со вода, а после една седмица задолжително направете пауза. Лица со висок притисок и бубрежни заболувања треба да се конcyлтираат со лекар.
Течноста од киселите краставички можете да ја користите за: отстранување на коров – Испрскајте го коровот во сув и топол ден – ќе се исуши во коренот. Со течноста можете да киселите друг зеленчук и подоцна да го јадете. Здраво е. Може малку да додавате во кајганата, го подобрува вкусот.
Може да ви помогне ако имате ждригавица и проблем со варење на храната. Се препорачува за спортисти – Спречува гр-чеви во мускулите, бидејќи содржи калиум, калциум и магнезиум. Помага при изго-реници. Помага при мен-струални тегоби.
Делува како антиоксиданс, бидејќи содржи многу витамин Ц. Помага при воспаленија. Ја подобрува дигестијата. Може да помогне за чистење на садови, дезинфекција и слично. Помага во сла-беење, покрај здрава исхрана и физичка активност. Може да помогне да го исто-пите снегот. Може да послужи за маринирање на месо и зеленчук.
РЕЦЕПТ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 кг краставички, 1 литар бел оцет 9%, 2 литри вода, 2 супени лажици шеќер, 1 супена лажица сол, црн пипер во зрно (ловоров лист, коријандер, лист од коморач, синап). ПОСТАПКА: Краставичките измијте ги и наредете ги во теглички. Ако се поголеми краставиците можете и да ги исечете на помали парчиња.
Наведените состојки ставете ги на оган и сварете ги. Потоа налијте ги наредените краставички во теглите. Теглите добро затворете ги и пастеризирајте ги. Јас обично теглите ги ставам во поголемо тенџере, свртени наопаку, на капаците. Налевам вода, теглите до половина да бидат во вода.
Ставам на оган и кога водата ќе зоврие варам уште 5 минути и оставам да се изладат во водата. После 10-тина денови уживајте во приготвените краставички.