Ова е рецепт на мајка ми.

Потребни состојки:

5 кг краставички
1 литар алкохолен оцет / или 600 мл
2 литри вода / или 2.5 литар вода ако ставите 600 мл оцет
2 супени лажици шеќер / или 300 г вкупно
1 супена лажица сол / или 150 г вкупно
Црн пипер во зрно (ловоров лист, коријандер, лист од коморач, синап)

Постапка:

Краставичките измијте ги и наредете ги во теглички. Ако се поголеми краставиците можете и да ги исечете на помали парчиња.

Наведените состојки ставете ги на оган и сварете ги. Потоа налијте ги наредените краставички во теглите.

Теглите добро затворете ги и пастеризирајте ги.

Јас обично теглите ги ставам во поголемо тенџере, свртени наопаку, на капаците. Налевам вода, теглите до половина да бидат во вода.

Ставам на оган и кога водата ќе зоврие варам уште 5 минути и оставам да се изладат во водата.

После 10-тина денови уживајте во приготвените краставички.