Извор на фото: wikihow
Киселата зелка е ферментирана зелка и докажано заштитува од кардиоваскуларни заболувања, рак и мозочен удар. Таа, исто така го подобрува и варењето на храната.
Зошто домашната кисела зелка може да биде вашето тајно оружје против вишокот масти, рак и болести на срцето?
Здравствени придобивки од киселата зелка
Киселата зелка е позната како здрава храна, а најмногу ја консумирале морнарите бидејќи е богата со витамин Ц. Оваа храна ги штитела од скорбут, болест предизвикана од недостаток на витамин Ц.
Кисела зелка – моќен пробиотик
Ферментираната зелка е моќен пробиотик. Добрите бактерии кои се создадени од процесот на природна ферментација – го подобруваат варењето на храната. Значи, ако консумирате антибиотици, треба да консумирате кисела зелка за заштита на вашите црева.
Штити од рак
Киселата зелка е докажано дека има анти-канцерни својства кои се должат на следниве три компоненти:
-Изотиоцијанат – соединение со моќни анти-канцер својства;
-Флавоноиди – тие ги штитат артериите.
-Глукосинолат – природен антиоксиданској ги активира ензимите во организмот;
Поздраво и посилно срце
Киселата зелка, исто така, го подобрува варењето на храната и го штити вашиот мозок поради тоа што е богата со растителни влакна. Поради овие диетални влакна, го намалува лошиот холестерол, штити од мозочен удар, срцев удар и артериосклероза.
Кисела зелка за посилни коски
Киселата зелка е богата со минерали кои се важни и за здравјето на коските, и на тој начин претставува заштита од остеопороза. Исто така, содржи витамин К, кој е докажан важен витамин за силни коски.
Кисела зелка за губење на тежината
Многу истражувања докажале дека киселата зелка помага во процесот на губење на тежината, особено на масните наслаги на стомакот. Ферментираната храна го забрзува метаболизмот, па со конзумирање на киселата зелка може да се одржи соодветна тежина, липидниот метаболизам и заштита од воспаленија.
РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШНА КИСЕЛА ЗЕЛКА:
Најдобро е киселата зелка да си ја приготвувате дома, бидејќи купечката, при процесот на конзервирање се уништуваат голем број од корисните бактерии.
Потребни состојки:
-Неколку поголеми зелки
-2 лажици нерафинирана морска сол или по потреба
Процесот на ферментација вообичаено трае од 1-6 месеци.
1.Изрендајте ја зелката. Посолете, па со раце добро притиснете и измешајте. Зелката ќе омекне и ќе ослободи сок.
2.Потоа складирајте ја зелката во стаклени тегли, и со помош на тупаница притискајте ја колку можете повеќе.
3.Продолжете да ја притискате зелката додека да се покрие со саламура, бидејќи таа ќе ја заштитува од мувла. Покријте го садот а теглата чувајте ја на собна температура – да ферментира 6 месеци.
4.Зелката треба да се проверува на неколку дена. Кога мислите дека е подготвена, чувајте ја во фрижидер. Ако е потребно, отстранете го горниот слој.