Потребни состојки за темен слој:
150 г шеќер
100 мл вода
125 г путер/маргарин
50 г чоколадо
150 г мелени бисквити
150 г мелени ореви
За бел слој:
200 г шеќер
50 мл вода
125 г путер/маргарин
200 г млеко во прав
Постапка:
Темен слој: Во еден сад ставете шеќер и вода да се вари додека шеќерот да се растопи.
Додадете путер и чоколадо да се растопат, па тргнете од оган и додадете мелени бисквити и ореви. Добро измешајте.
Смесата ставете ја во претходно намастен калап 25х20.
Бел слој: Пенесто изматете го путерот со млекото во прав. Во еден сад ставете шеќер и вода па гответе додека да добиете густ сируп.
Топол додадете го во тенок млаз во изматениот путер со постојано миксање околу 1-2 минути.
Додека е уште топло (смесата брзо се стега) го излеваме преку темниот слој, израмнуваме и оставаме да излади.