Потребни состојки:

300 г шеќер

200 мл вода

200 г путер/маргарин

300 г несослени мелени кикирики

Околу 300 г мелени бисквити

50 г темно чоколадо или 2 лажици какао

100-150 г чоколадо за глазура, со малку масло (околу 3 лажици)

Постапка:

На оган ставете шеќер и вода, нека се варат 4-5 минути, па додадете путер или маргарин и почекајте да се растопи. Ставете ги кикириките и бисквитите и измешајте за да се соедини смесата.

Смесата не смее да биде сува, па затоа бисквитите додавајте ги постепено а не одеднаш (многу зависи од тоа колку време се вареле водата и шеќерот).

Од смесата одвојте 1/3 и промешајте со 50 г растопено чоколадо или какао. Светлата смеса поделете ја на два еднакви дела.

Во помал плиток плех обложен со проѕирна фолија, ставете еден дел од светлата смеса, израмнете и добро притиснете за да се стегне рамномерно.

Преку светлата смеса истурете го темниот дел, па исто притиснете и израмнете. На крај преку темната смеса додадете го вториот дел од светлата смеса.

Чоколадото растопете го со малку масло и истурете ја глазурата одозгора.

Колачот ставете го во фрижидер да се стегне. За украсување растопете чоколадо во кеса за замрзнување, пресечете ја на еден агол и направете шари одозгора во вид на линии.