Рецепт на Верче Илиоска. Ова се кифличките кои најчесто ги приготвувам. Едноставни се, внатре се меки, а одозгора крцкави. Веднаш се замесуваат, не се чека квасецот да ферментира, ниту тестото да стасува.

Брзи кифлички: Верче Илиоска




Се замесува тестото и веднаш почнувате со работа. Нам ни се преубави, а можеби и вам ќе ви се допаднат. Кој има време може да го стасува тестото, но со овој рецепт нема потреба. Секако излегуваат меки и вкусни, особено кога ви се брза и кога немате време за премесување. Еве што ви е потребно:

Брзи кифлички: Верче Илиоска




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,200 г брашно, 500 мл топло млеко, 2 коцки свеж квасец, 1 лажица шеќер, 150 мл масло, 2 јајца на собна температура, 3 лажички сол, 1 јајце за премачкување, 250 г маргарин или путер, сусам и ленено семе за наросување. ЗА ФИЛ: ситно сирење или по желба.

Брзи кифлички: Верче Илиоска




ПОСТАПКА: Растворете го квасецот во топло млеко, додајте го шеќерот и добро промешајте за да се раствори. Додајте ги сите останати состојки кои треба да бидат на собна температура, а потоа започнете постепено да го додавате брашното.

Брзи кифлички: Верче Илиоска




На почетокот мешајте со лажица или шпатула, а на крај замесете со рака. Треба да добиете мазно, нелепливо тесто, па затоа на крај додајте сосем малку масло за да се постигне тој нелеплив ефект. Веднаш поделете го на десет приближно еднакви делови, а од секој дел формирајте топче.

Брзи кифлички: Верче Илиоска




Од секое топче со помош на оклагија развлечете тенка, тркалезна кора приближно 5 мм, па пресечете ја 8 триаголници. Доколку сакате кифличките да ви бидат со облик на „гасеница“, направете неколку засеци во внатрешноста од секој триаголник.




На секој триаголник на пошироката страна ставете малку ситно сирење, спакувајте ги краевите од двете страни и свиткајте ја кифличката, како на фотографијата.

Брзи кифлички: Верче Илиоска




Оваа постапка повторете ја со сите преостанати топчиња тесто, а готовите кифлички редете ги во претходно намастен плех и обложен со хартија за печење. Од оваа количина излегуваат три големи плеха.

Брзи кифлички: Верче Илиоска




Кифличките одозгора премачкјате ги со изматено јајце, па наросете ги со сусам или ленено семе. Преку кифличките ставете тенко парче маргарин или путер, така да биде опфатена секоја кифличка (како на фотографијата).

Брзи кифлички: Верче Илиоска




Половина од кифличките ги наросив само со сусам, а половината само со ленено семе. Вие можете да ги наросите со нешто по ваш вкус. Првиот плех кој го исполнивте со кифлички оставете го настрана на топло да стасува додека ги виткате останатите кифлички.

Брзи кифлички: Верче Илиоска




Кога ќе забележите дека го удвоиле својот волумен, стасаните кифлички ставете ги да се печат во претходно добро загреана рерна на 200 степени околу половина час или додека убаво да заруменат. Послужете ги со чаша јогурт или кисело млеко, а совршено одговараат со руска салата. Рецепт на Верче Илиоска.

Брзи кифлички: Верче Илиоска