Фото и рецепт: Зорка Јанчева

Потребни состојки:

250 мл кисело млеко

250 мл обично млеко

50 г свеж квасец (една коцка)

1 лажица сол

4 лажици масло

1 лажиче шеќер

3 белки

1 јајце

1 кг брашно или по потреба

За премачкување: јајце со малку млеко

За наросување: сусам или по желба

Постапка:

Млекото се затоплува и сите состојки се ставаат во вангла, па се замесува убаво, меко тесто. 

Се остава да надојде, се премачкува со една лажица масло. Се премесува и по вторпат се остава да надојде.

Потоа се формираат кифлите, со кинење од тестото: се формира топче, се расукува долгнавесто, се засекува на еден крај (види фото), на другиот се става сиренце или нешто по вкус, се витка во кифла.

Кифлите редете ги во плех обложен со хартија за печење. Одозгора премачкајте ги со јајце изматено со малку млеко и наросете сусам.

Ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Кифличките излегуваат меки како душа, само важно е тестото двапати да го премесите.

Фото и рецепт: Зорка Јанчева