Фото: Санела Караџиќ; рецепт: Мила Павловиќ – Сите знаеме дека црната ротквица ги лекува бронхитисот и кашлицата. Меѓутоа, некои луѓе успеале целосно да излекуваат и хронични белодробни болести и целосно да се спасат од астмата во комбинација со други природни рецепти и препарати од природната медицина.
За деца наместо црна ротквица може да се користи корен од целер, така што се ренда на најситно и се меша со иста количина мед. Ефектот е ист. Користев многу домашни лекови и на крај успеав ќерка ми да ја спасам од астма.
До 10 годишна возраст користевме само фармацевтски лекови од официјалната медицина, а еве откога се свртевме на природна медицина, веќе 20 години не е астматичар.
Наутро и давав боров мед (40 млади гранчиња од бор околу 2-3 см долги се мешаат со 1 кг ливадски мед и се остава на темно место да отстои околу еден месец. Се процедува и наутро се зема по една лажица.
Потоа и давав по една чаша козјо млеко (и додавав малку несквик или какао за да го пие). На пладне и давав една лажичка мед од лубеница.
На мали лубеници им се отсекува врвот, им се вади целата пулпа, се полнат со багремов мед, се затвораат со отсечениот врв, се завиткува во дебел слој хартија и се затвора во земјен сад 40 дена.
Навечер и давав мед од глуварче по една лажичка: 40 цветови колку што се тешки, толку мед им се додава. После 7 дена се процедува.
Барем двапати седмично и правев гускина супа, зошто салото од гуска помага да се обноват бронхиите. Додека астмата не започна да се повлекува, навечер и ги мачкав градите и грбот со гускина маст, па преку маста ставав истолчен лист од зелка, па шал, па најлонска фолија.
Летно време задолжително ја носевме на море, па на планина по 15 дена и ја штитевме од тутунски чад и силни испарувања во домот. Медот од ротквица исто така е ефикасен и помага, но за да се искорени астмата мора дополнително да се помогне со природни и чисти препарати.
Наместо гускина маст може да се користи и свинска маст, а во терапијата може да се додадат и јајца од препелица. Бидете упорни и верувајте дека како детето расте, така болеста се повлекува. Исто така, мора да се работи на имунитетот. Може да се цеди млада коприва, цвекло, јаболка, морков и да се даваат свежи сокови засладени со мед.
РЕЦЕПТ ЗА МЕД ВО ЦРНА РОТКВИЦА – Со овој прастар рецепт повеќепати им помогнав на своите деца, на моите внуци и на други дечиња. Случајно налетав на овој рецепт во разговор, бев убедувана дека е делотворен, па така го пробав и многу ми е драго.
За да не се исфрли извадената пулпа, ќе добиете бонус салата – Милица. Црната ротквица (Raphanus sativus) ја има зимно време, летно не може да се најде – природата навистина се погрижила за нас!
Потребни состојки за сируп:1 поголемо парче црна ротквица и Багремов мед или некој друг природен мед. Потребни состојки за салата: пулпата од црната ротквица и сол, оцет, масло и ким
Постапка за приготвување на сируп:Ротквицата убаво измијте ја однадвор со четка, бидејќи нема да се лупи. Засечете ја малку на горниот дел, а потоа издлабете ја, така што ќе добиете голема дупка, а ѕидовите околу еден см дебелина.
Со чепкалка или стапче за ражнич направете дупче на самото дно од рдоквата. Во средина налијте багремов мед или било кој мед што го имате. Ако немате мед или на него сте алергични, тогаш ставете шеќер. Оставете преку ноќ да се цеди, на топло, во чаша.
Сирупот кој се исцедил е лекот против кашлица. Се консумира по една лажица наутро и навечер. Кај потешки напади на кашлица се консумира почесто. На крајот од денот може да се изеде ротквицата.
Секој пат се прави нов сируп, бидејќи не може да се чува долго. Овој сируп помага кај некои облици на алергиски кашлици, го олеснува дишењето и помага при бронхијален катар. Го препорачуваат сите стари народни рецепти.
За бонус салата: Пулпата што сте ја извадиле од црната рдоква исечете ја на тенки ливчиња или изрендајте, па оставете да отстои еден час. Процедете, посолете и зачините со масло, бел оцет и ким.
Ќе добиете вкусна и здрава салата. Салатата помага при надуеност на стомак, болести на бубрезите и мочниот меур, како и кај слаб млаз. Ублажува и желудочни тегоби.
НАПОМЕНА: Гореопишаното е лично искуство. Пред примена секој треба да се советува со својот лекар.