Три јајца, чаша брашно, чаша јогурт… измешајте за 1 минута и испечете…Толку е вкусен што го правам 2 пати неделно! Ако сакате да се засладите со нешто навистина сочно и слатко, а притоа едноставно, испробајте го овој сочен колач со ореви и кефир.
Постојат многу слични рецепти за овој колач, но основата секогаш се прави од кефир и се добива сочен пандишпан кој потоа се премачкува со домашен џем и се наросува со мелени ореви. Речиси сите потребни состојки веќе ги имате во вашата кујна.
Постапката за приготвување е многу едноставна, а колачот може да го направи секој за помалку од 10 минути. Во овој рецепт што го имам јас, во пандишпанот не се ставаат ореви, но по желба може да пробате, јас ги наросувам одозгора. Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 100 мл масло (половина чаша), 1 чаша кефир, 1 чаша шеќер, 1 чаша брашно, 10 г прашок за печиво (1 кесичка), 150 г домашен џем по ваш избор, 50 г мелени ореви. Како мерка се користи чаша од 200 мл.
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете три јајца на собна температура, па пенасто изматете ги со миксер или измешајте ги со жица/маталка. Потоа постепено додајте половина чаша масло и додека непрекинато матите со миксерот или мешате со лажицата на неколку наврати додајте го шеќерот.
Количината на шеќерот може да ја одредите по сопствен вкус, според мене е доволно 1 чаша шеќер, така пишуваше и во рецептот што го имав препишано. Лесно матете ја смесата додека шеќерот целосно да се растопи, а смесата да осветли и да згусне како крем.
Потоа во тенок млаз додајте 1 чаша кефир кефир или јогурт (многу е повкусно со кефир). Матете додека смесата да се изедначи. Потоа додајте ги преостанатите суви состојки. Додајте 1 чаша просеано брашно помешано со 10 г прашок за печиво.
Најпрво состојките промешајте ги со жица маталка или со шпатула, а потоа продолжете го миксањето со миксер на најмала брзина.
Матете неколку минути додека сите состојки да се изедначат во една густа, мазна и хомогена смеса. Препорака е брашното да го додавате постепено, бидејќи секоја смеса излегува различно и на око ќе одредите колку е доволно.
Приготвената смеса истресете ја во квадратен калап, претходно намастен и набрашнет или обложен со хартија за печење. Калапот треба да биде со средна величина.
Смесата рамномерно распоредете ја и израмнете ја, а калапот неколкупати протресете го од масата за да излезат евентуалните воздушни меурчиња кои се акумулирани.
Ставете да се пече во добро загреана рерна на 180 минути околу 30-40 минути, но најдобро е да проверите со чепкалка.
По печењето, колачот оставете го да се лади, а за тоа време пригответе сомелете ги оревите, доколку не ви се сомелени.
Превртете го колачот на долната страна (која е рамна) и премачкајте го со тенок слој џем по ваш вкус (најдобро домашен џем од кајсии) и наросете со мелени ореви како декорација. Колачот може веднаш да го послужите. Деталите погледнете ги ОВДЕ.