Ова е највкусното нешто што некогаш сте го јаделе: Пита со сирење на сосема поинаков начин! Доколку сакате да ги изненадите гостите, направете го ова неверојатно вкусно јадење.

Едноставен и неверојатно вкусен рецепт ќе ги изненади сите ваши гости со својот уникатен вкус. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

пакување готови тенки кори за пита (во видеото 3 големи свежи кори)
250-300 мл газирана минерална вода
1 лажичка сода бикарбона (3 грама)
100 г ситно сирење
2 јајца
70 мл масло

ПОСТАПКА:

Тепсијата за печење намачкајте ја со масло, а во средината ставете помал сад или чаша. Корите исечкајте ги на ленти широки 10 см, па соберете ги како лепеза и наредете ги по работ на плехот додека не го исполните целиот круг.

Во видеото се користат големи кори, па се диплат како ролна и се сечат, но можете да користите какви имате, а во рецептот е важна постапката на диплење и филот со кој оваа пита добива неверојатен вкус.

Сите останати состојки соединете ги во подлабок сад и рамномерно прелијте ги корите. Најпрво сипете ја газираната вода, па додајте лажичка сода бикарбона, промешајте и почекајте да запени.

Потоа додајте ги јајцата, маслото и повторно промешајте. На крај додајте го ситното сирење и изедначете. Корите полевајте ги постепено, најдобро со кутлача, за да се распореди сè рамномерно.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180°C 25 минути. Кога ќе се испече има вкус помеѓу бурек со сирење и гибаница. Послужете топло или ладно, секако е вкусно.

Како изгледа процесот на подготовка на оваа необична пита погледнете во видеото ОВДЕ.