Потребни состојки:
500 г брашно
250 мл млеко
1 јајце
100 г путер/маргарин
1 жолчка
1 лажица шеќер
1 коцка квасец
1 лажичка сол
Постапка:
1.Разматете го квасецот со лажичка шеќер и малку млако млеко, па оставете да се активира.
2.Во просеано брашно додадете растопен путер, сол, јајце и активиран квасец.
3.Измесете мазно тесто и покриено оставете го да се дигне.
4.Тестото поделете го на 4 делови.
5.Од секој дел направете по една плетенка.
6.Обликуваните плетенки оставете ги на топло уште еднаш да ја удвојат својата величина.
7.Одозгора премачкајте ги со разматена жолчка и печете на 200 степени околу 20 минути.
Сабина Шабановиќ