Лукот е една од најздравите намирници, одличен е за јакнење на за имунитетот, дигестијата и многу други процеси кои се случуваат во нашиот организам. Народната медицина го нарекува „природен антибиотик“ и постои начин како да го одгледувате во вашиот дом.




ОДГЛЕДУВАЊЕ ЛУК ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Лесно и едноставно, иако можеби досега ниеднаш не сте помислиле дека постои ваква можност. Доколку сте купиле вистински, домашен лук, а не оној полн со адитиви, следете ги наведените чекори:




Темелно исчистете ја целата главица, отстранете ги лушпите, но погрижете се дното да остане недопрено. Земете една поширока чаша вода и ставете ја главицата во неа за да се потопи само делот со коренот.




Наскоро ќе почне да ‘рти, а потоа ќе се појават и зелените „перца“. Ќе бидете изненадени од брзината на овој процес. Чувајте го никнатиот лук на добро осветлено место, а доколку е потребно пресадете го во саксии. Постапката и деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

ДОКОЛКУ САДИТЕ ЛУК ВО ГРАДИНА ИЛИ НА НИВА – Лукот може да се сади во два периоди: напролет и наесен. Меѓу нив нема голема и видлива разлика, само што оној што ќе се посади наесен е покрупен и поголем од оној што ќе се посади напролет, но чешнињата се поситни.

Кога станува збор за агротехниката, таа е иста за двата и мора да водите сметка за положбата на чешнињата во текот на садењето. Се препорачува за таа цел да користите да користите покрупни чешниња.




Непосредно пред садењето потребно е да направите дезинфекција, а кога ќе садите да обратите особено внимание чешнето да биде поставено исправено, со тоа што петата треба да биде свртена надолу, а врвчето нагоре, односно кон површината.

Ако погрешно го посадите чешнето, новата главица нема да може правилно да се развие. Пред почетокот на садењето треба добро да го подготвите земјиштето во кое ќе садите, па така лукот наесен се сади на длабочина од околу 4 сантиметри, додека напролет се сади на длабочина од 2-3 сантиметри. Најдобро време за садење е во март/април или во октомври.




Не постојат некои посебни услови кои му се потребни на лукот, само е потребно да направите калцизација, односно корекција на рН почвената реакција. Според зборовите на експертите, препорачано е да користите органски хранливи материи за подобрување на растот. Може да ги вадите од земја во јуни од есенските садници, додека пролетните се вадат во август.

ЗОШТО Е ДОБРО ДА ГО ИМАТЕ ЛУКОТ СЕКОЈПАТ ПРИ РАКА

Зајакнување на имунитетот – Антивоспалително дејство: Истражувањата покажаа дека маслото од лук делува силно антиинфламаторно. Затоа, доколку имате б олки и воспаление на зглобовите или мускулите, истpијте ги со масло.




Подобрување на кардиоваскуларното здравје: Истражувањата покажуваат дека лукот може да има позитивен ефект врз артериите и кpвниот притисок. Го подобрува квалитетот на кожата и косата: Лукот е антиоксиданс и содржи антибактериски својства кои можат да дејствyваат пpотив бактериите кои предизвикуваат акни.




Некои податоци покажуваат дека премачкувањето со сиров лук над мозолчињата може да ги исчисти. Сепак, имајте предвид дека ова може да предизвика чyвство на пeчење на кожата. Третира атлетско стапало: Лукот поседува и антифунгални својства. Ако имате атлетско стапало или габична инфекција, натопете ги стапалата во вода со лук или втpијте сиров лук на стапалата.