Конечно најдов начин да го подготвам осличот онака како што јас го сакам – сочен однатре, крцкав однадвор, а не е пржен во длабоко масло. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг замрзнат ослиќ, 120 мл масло, 1,5 лажички сол, 1 лажичка вегета (сув зачин), 100 г пченично брашно, 1 лажица црвена зачинска пиперка, 1/2 лажичка лута пиперка, 1 лажичка зачини за сувлаки (по избор).
ПОСТАПКА: Одмрзнете ја рибата, измијте ја, па исушете ја со крпи. Пресечете ја секоја риба на половина и исчистете ја од yтробата и перките. Во длабока чинија измешајте брашно, сол, црн пипер, вегета, црвен пипер и зачин за сувлаки.
Истурете околу 100 мл масло на дното на плехот за печење (да се покрие дното). Секое парче риба извалкајте го во мешавина од брашно и зачини, па наредете на плех подмачкан со масло. Секое парче риба не треба да се преклопува, туку наредете ги една до друга.
Попрскајте ја рибата со малку масло (околу 20 мл). Печете ја рибата во рерна загреана на 200°C, 20 минути. Извадете го плехот од рерна, свртете ја рибата на другата страна и печете уште 20 минути за да фати убава коричка.
Пeчената риба вадете ја на кујнска хартија, за да се впие вишокот маснотија. Вкусната риба послужете ја со компир салата, а остатокот може да го искористите за да ги направите следниве ќофтиња кои се прават од риба:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 филети ослич или каква било друга риба, 500 г компир, 2-3 лажици маслиново масло, по желба неколку чешниња лук, по желба околу една рака свежо сечкан магдонос, со и црн пипер по вкус.
ПОСТАПКА: Рибата е претходно подготвена, па сега само е потребно да ја исчистите од коските и да ја иситнете на поситни парчиња. Компирот измијте го со ладна вода, излупете го и исечете го на коцки, посолете го и ставете го да се вари.
Прекријте го со малку вода, а по потреба додавајте во текот на варењето, но бидејќи е исечен на коцки, релативно брзо ќе свари додека сè уште вода во тенџерето. За тоа време, доколку осличнот не ви е зготвен, тогаш пропржете го во тава, настрана.
Сварениот компир процедете го, па додајте му маслиново масло и по желба ситно сечкан лук и магдонос. Јас ги сакам лукот и магдоносот, па ставам доста во ова,како и во други јадења. Потоа сето убаво измиксајте го за да добиете смеса како пире.
Во измиксаниот компир додајте ги иситнетите парчиња риба, посолете, запиперете и ако сакате додајте уште некој зачин по вкус, па ако сакате додајте уште малку лук и магдонос како мене. Јас навистина го сакам нивниот вкус, особено во комбинација со риба – фантастичен вкус!
Сето измешајте го со лажица додека да се изедначат сите состојки и да си попримат од вкусовите. Смесата е густа, но сепак малку леплива, па затоа потребно е да ги натопите дланките додека ги правите ќофтињата.
Црпете од смесата, формирајте топчиња, а потоа малку сплескувајте ги и редете ги врз чинија или фолија. Потоа треба да се похуваат во брашно помешано со лебни трошки, а доколку не постите, похувајте ги на вообичаен начин: брашно, јајца, лебни трошки (презла).
Пржете го во умерено загреано масло, по неколку минути само колку да заруменат, бидејќи сè во смесата е веќе зготвено. исто така, ќофтињата можете да ги редите во плех обложен со хартија и малку намастен, а со кујнска четка да ги намачкате со малку масло.
Во рерна се печат на 200 степени, исто така кратко време, колку малку да заруменат. Деталите од целата постапка за подготовка на осличот може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.