КАВИЈАР ОД ЛУК…Баба ми вака ја правеше речиси секој ден…Многу вкусна, како прилог со риба или месо…

Не знам дали некога сте јаделе ваков намаз, но ние дома многу го сакаме и често го правам. Баба ми секогаш правеше со домашен лук и домашно лепче…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4-5 главици лук
сол по вкус
2-3 парчиња леб, само средината
малку масло

ПОСТАПКА:

Се чисти лукот и се толчи во аван со сол се додава средината од леб од 2-3 парчиња и малку масло и се продолжува со толчењето додека да се добие конзистенција на кавијар.

Може да се послужи со риба, месо или некое друго јадење. Ние често ја послужуваме со салата од печени пиперки со оцет, масло и магдонос. Рецепт на Марина Тодорова.

ОХРИДСКО МАКАЛО: Вкусно и незаменливо за љубителите на намазот од лук