КАРПАТИ КОЛАЧ кој освојува со првиот залак…Се изеде за еден ден…Совршена торта која личи на планина, поради што го добила името.
Карпати колачот е познат по својот богат вкус и прекрасниот изглед, совршен за секоја пригода. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Крем од ванила:
1 литар млеко
120 г или 3 кесички пудинг од ванила
8 лажици шеќер
250 г путер или маргарин
За кори:
125 г путер или маргарин
200 мл вода
1 полна чаша од 200 мл меко брашно
5 цели јајца
1 прстофат сол
1 лажичка шеќер
Овошно желе:
500 г било кое овошје (замрзнато шумско овошје)
100 г шеќер
200 мл вода
2 лажици скроб (густин), 40 г + 50 мл вода
И уште:
500 мл слатка павлака
шеќер во прав
ПОСТАПКА:
Пудингот 120 г помешајте го со 8 лажици шеќер и 150 мл млеко, а остатокот оставете да зоврие. Сипете во топлото млеко и сварете го додека да згусне со енергично мешање.
Оставете целосно да се олади, а потоа и во фрижидер 30-60 минути. Пенасто изматете го путерот омекнат на собна температура, па постепено додајте го пудингот и соединете го.
На оган ставете 125 г путер и 200 мл вода со прстофат сол и лажичка шеќер. Кога сѐ ќе се растопи сипете една чаша брашно и мешајте додека да се соедини во компактно тесто и да остава мат-трага на дното. Оставете да се олади.
Кога тестото е млако додајте 5 јајца едно по друго матејќи со миксер. Следното јајце додавајте го кога претходното целосно се инкорпорирало.
Распоредете го врз хартија за печење со нацртани димензии 23х33 см и печете во загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Испечете 2 кори.
Растопете 100 г шеќер во 200 мл вода и 500 г овошје. Кога ќе зоврие гответе го 3 минути за да омекне, па сипете растворен густин и мешајте додека да згусне. Оставете да се олади.
Настрана изматете слатка павлака во шлаг. РЕДЕЊЕ: кора, крем од ванила, овошен крем-желе. Оставете 10-15 минути да се олади. Втората кора свртете ја наопаку и распоредете половина од шлагот за да се пополнат нерамнините.
Потоа врз желето распоредете го остатокот од шлагот и поклопете со намачканата страна од кората. Нежно притиснете со рака за да се залепи. Колачот добро изладете го пред послужување и одозгора посипете го со шеќер во прав.
Погледнете го видео рецептот со подготовката ОВДЕ: