Карамел штангли…во Австралија овие колачи се продаваат „како алва“, а прелесно се прават за 15 минути подготовка, 40 минути печење и 1 час ладење во фрижидер…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):
За база:
1 чаша сенаменско брашно 150 г
1/2 чаша кафеав шеќер 80 г
1/2 чаша кокос 45 г
125 г растопен путер
За карамел:
125 г путер
1/2 чаша кафеав шеќер 80 г
1 лажичка екстракт од ванила
400 г кондензирано млеко со повисок % мм (за домашно, рецепт прочитајте овде)
За чоколадна глазура:
200 г чоколадо
1 лажица масло
ПОСТАПКА:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете калап 28х18 см со хартија за печење, од страните да биде малку повисока за полесно да го извадите колачот.
Сите состојки за базата соединете ги, па смесата рамномерно распоредете ја на дното, израмнете и ставете да се пече 15 минути, додека површината да позлати. Оставете да се лади.
Намалете ја рерната на 160 степени. Во тенџере на ниска температура растопете го путерот, па додајте ги шеќерот и ванилата. Варете додека да згусне како карамел, па кога ќе се појават меури сипете го кондензираното млеко.
Мешајте непрекинато уште 5 минути или додека да се појават големи меури. Тогаш мешајте само уште 1 минута и смесата сипете ја врз базата. Печете 12 минути.
Оставете да се олади 20 минути, а потоа во фрижидер 30 минути. Потоа растопете го чоколадото со маслото во микробранова печка и глазурата сипете ја врз колачот.
Оладете во фрижидер 1 час. Пред сечење извадете го колачот 5 минута на собна температура. Постапката погледнете ја ОВДЕ.