На многу лесен и едноставен начин пригответе ја вкусната торта позната како „капри“, а која го обележа нашето детство. Овој колач е толку кремаст и освежителен, што ќе почнете да го правите не само на лето, туку и зимно време. Она што ви е потребно, се јагоди, свежи или смрзнати. Еве што друго ви е потребно за оваа капри верзија без печење:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за бисквитна основа: 300 г мелени бисквити, 100 г шеќер во прав, 150 мл сок од портокал, 100 г растопен путер. Тенок прелив за бисквитот: 100 г чоколадо за готвење + 4 супени лажици масло

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за овошен фил: 300 г јагоди, 150 г шеќер, 150 мл вода, 1 кесичка пудинг со вкус на јагоди (40 г) и 1 супена лажица густин/скроб/нишесте. ЗА ЖОЛТ ФИЛ: 600 мл млеко, 150 г шеќер, 2 кесички пудинг со вкус на ванила (40 г), 150 г путер. И уште: 300 мл слатка павлака за шлаг




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете 300 г мелена плазма, 100 г шеќер во прав, 150 мл сок од портокал и 100 г растопен путер. Добро промешајте за да се соединат состојките со конзистенција на влажен песок.




Бисквитната смеса истресете ја во калап со средна величина, обложен со хартија за печење. Распоредете ја рамномерно и натапкајте ја со задниот дел од чаша или со валјак за да се измазни површината.




Во микробранова печка или на тивок оган/пареа, растопете 100 г чоколадо за готвење помешано со 4 лажици масло, па излејте го врз бисквитниот слој и распоредете. Тргнете го настрана додека ги приготвувате филовите.




ЗА ОВОШЕН ФИЛ: Во тенџере ставете 300 г јагоди, па додајте 150 г шеќер и 150 мл вода. Ставете на оган да зоврие, а во меѓувреме измешајте 150 мл вода, 1 кесичка пудинг од јагода и 1 лажица густин. Изедначете добро, да нема грутчиња.




Штом зовријат јагодите и шеќерот се растопи, додајте го растворениот пудинг и варете на умерена температура со непрекинато мешање додека да згусне. Потоа оставете го да се олади, но не целосно, со повремено промешување за да не фати коричка. Млакиот пудинг прелијте го врз бисквитот, израмнете и оставете да се олади.




ЗА ЖОЛТ ФИЛ: Во тенџере ставете 500 мл млеко и 150 г шеќер, па ставете на оган да зоврие. За тоа време разматете 2 кесички пудунг со вкус на ванила во 100 мл млеко, па додајте во врелото млеко и варете со непрекинато мешање додека да згусне.

Додека е сè уште топол пудингот во него додајте го путерот исечкан на коцки, па мешајте додека да се растопи и инкорпорира. Тргнете го настрана целосно да се олади, а потоа пенасто изматете го со миксер и распоредете го врз овошниот фил. најпосле изматете го шлагот и премачкјате ја целата торта. Деталите погледнете ги ОВДЕ.