КАПАМА…Традиционално јадење со јагнешко месо…вака ме научи мајчичка, а таа научила од баба ми…рецепт кој се врти 100 години во нашето семејство…Рецепт и фотографии на Љиљана Ружин. Еве што ви е потребно:

Рецепт и фото: Љиљана Ружин

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1.5 кг јагнешко месо
10 врзопи младо зелје (штавеј/лобода/спанаќ)
3 главици кромид
3 китки млад зелен кромид
масло, сол, брашно, црвен и црн пипер во прав

ПОСТАПКА:

Рецепт и фото: Љиљана Ружин

1.Месото исечете го на парчиња со големина по желба. Извалајте ги во мешавина од брашно и алева пипер и кратко потпржете ги на умерено загреано масло, од сите страни. Оставете ги настрана.

Рецепт и фото: Љиљана Ружин

2.Во истата маснотија додајте го ситно сечканиот кромид и крупно исечениот млад кромид, па динстајте колку малку да омекне.

Рецепт и фото: Љиљана Ружин

3. Постепено додавајте го зелјето (крупно искинето со раце), на неколку наврати. Штом „омлитави“ и се спушти, додајте нова тура зелје.

4.Кога сиот зеленчук ќе омекне, додајте ги парчињата месо и сипете вода колку да се прекрие, не премногу. Од брашното (во кое се пржеше) ќе си добие густина и нема потреба да се додава уште брашно.

Рецепт и фото: Љиљана Ружин

Со додавање на топла вода можете да ја регулирате густината. Гответе додека сето да омекне и послужете со кисело млеко или павлака. Рецепт и фотографии на Љиљана Ружин.

Рецепт и фото: Љиљана Ружин