Кандидата, во помали количества, типично е застапена во усната празнина, кожата, женските г ениталии и тенкото црево. Во нормални, помали концентрации, не би требало да создава никакви проблеми. Но, сепак, ако почне неконтролирано да се размножува, може да доведе до одредени инфекции, наречени кандидиjази.




Ова може да предизвика различни фунфални инфекции на кожата како егзема или псоријаза, зголемување на т ежината, главоболки, па и други поголеми здравствени проблеми доколку не се лекува навремено.




Тестот за кандида со плунка е стар, домашен начин на кој некои луѓе тврдат дека можете да го проверите нивото на кандидата во вашето тело. Добрата страна на тестот е дека е лесен за изведување, не бара никаква опрема, па дури може да биде и забавен додека проверувате што и како „расте“ во вашето тело.




Недостатокот на овој тест е тоа што не е најсигурен докажан метод за утврдување на присуство на високо ниво од габата, што секако, единствено и прецизно може да го утврди вашиот лекар со лабораториска анализа.

Соевите на квасници (габички) како Candida albicans живеат природно во некои делови од нашето тело како устата, ва-гината и гастроинтестиналниот тракт.




Повремено, рамнотежата на овие габички може да биде неизбалансирана и оваа габичка да почне да предизвикува проблеми. Ова може да доведе до ваги-нална габична инфекција, ора-лна габична инфекција и поретко, инвазивна кандидијаза (кога габичната инфекција се шири во кр-вотокот и внатрешните орга-ни).




Вообичаено, постојат многу симптоми на кандидијаза, како што е бел исцедок кај жените. Сепак, некои тврдат дека симптомите како вртоглавица, замор, гасови, надуеност, па дури и раздразливост може да бидат предизвикани од покачени нивоа на кандида.




За да го направите тестот со плунка, потребно е да земете чиста чаша вода. Водата треба да биде филтрирана, чиста, да не е директно од чешма. Дури може да ја зовриете пред да си легнете, да ја ставите во чаша, да поклопите со тацна и следното утро кога ќе станете да го направите тестот.




Важно е пред да го направите тестот, тоа да биде само што ќе станете без да се напиете вода, да ги измиете забите или нешто да јадете. Во чашата треба да плукнете и да почекате околу 15 минути (иако некои тврдат дека е доволно 4 минути за резултатите).

NMD.mk




Како се гледаат резултатите: Ако, после изминатото време, во чашата забележите жилави проекции налик на пајажина (тоа се колониите на квасец кои се држат заедно) како лебдат надолу во чашата како нозе, тоа е позитивен знак за кандида.




Исто така, доколку забележите „топчиња“ на различни страни тоа е исто позитивен знак за кандида или пак доколку целата плунка паднала на дното. Единствен негативен знак е доколку плунката си остане на површината на водата.




Иако тестот за плунка може да провери дали има нерамнотежа на кандида во устата, тој не е 100% сигурен и можеби нема да може да ви каже дали имате габична инфекција или дали нејзиното ниво е неурамнотежено. Најточниот начин за тестирање за пренаселеност на кандида е со лабораториска анализа.

Бидејќи овој домашен тест ја нема истата дијагностичка тежина како резултатот од лабораторија, потребно е да се добие второ мислење од медицинско лице доколку се сомневате на кандида и имате некои симптоми.