Флавоноидите се антиоксиданси кои се познати по своето антивоспалително и подмладувачко дејство. Ако сте биле во потрага по природен начин за зајакнување на имунитетот, тогаш флавоноидите се идеалното решение, пишува НМД.мк
Овие антиоксиданти се природно посилни од сите други традиционално познати антиоксиданти за кои веројатно многу често слушате. Зошто овие супстанции се толку моќни?
Флавоноидите го спречуваат штет-ното дејство на слободните радикали и оксидацијата, па со своето антиоксидативно дејство поволно делуваат и ги отстрануваат слободните радикали во целото тело.
Всушност, ги бло-кираат хемикалиите кои се главна причина за појава на рак. Исто така, тие ја спречуваат синтезата и ослободувањето на некои соединенија кои можат да поттикнат воспалителен процес.
Зошто имаат подмладувачки ефект? Затоа што на некој начин „му помагаат“ на колагенот, најзастапениот протеин одговорен за еластичноста на епителното ткиво. Со текот на возраста, овој протеин постепено се губи во организмот, а еластичноста на кожата се намалува.
Флавоноидите имаат единствена способност за умрежување на колагенските влакна, со што се зајакнува матрицата на сврзното ткиво во целото тело. Тоа ги вклучува и сите споеви-врски помеѓу различните ткива (односно, тетиви, лигаменти и ‘рскавица).
Кога доаѓа до некој воспалителен процес во нашето тело, доаѓа до ош-тетување и намалување на колагенот, па доколку се достапни флавоноидите од исхраната, тие ќе можат да помогнат во тој случај.
Колагенот инаку е најзаслужен за еластичноста и здравјето на кожата, па затоа треба да се внесува почесто во исхраната, бидејќи е задолжен и за мла дешкиот изглед на кожата. Дополнете ја вашата исхрана со намирници кои се богати со флавоноиди и обезбедете си доволна количина од овој м оќен антиоксиданс.
Храна што содржи флаваноиди: кромид, грозје, бобинки, зелен, лиснат зеленчук, црвен зеленчук (црвена лута пиперка, црвена зелка, праски), билки (магдонос, мајчина душица, оригано), цитруси, мешунки, чај од камилица и црвено вино, чоколадо со голема застапеност на какаото, без шеќер и засладувачи.
КАМИЛИЦА И ЦРНО В ИНО – РЕЦЕПТ. Загрејте една чаша црно в ино, додајте една лажичка сув цвет од камилица (или една филтер кесичка) и едно стапче цимет. После 10-тина минути процедете и засладете со мед по вкус.