Нема полошо чувство од она кога ќе ги облечете вашите омилени панталони, а не можете да го закопчате до крај патентот или копчето на струкот. Ова може да им се случи на сите, подеднакво и на мажи и на жени.
Можеби сте забележале дека ова најчесто се случува ако претходно сте јаделе чипс, смрзната индустриска храна, конзервирана храна, сувомеснато, па дури и пакувани „корнфлекс“-мешавини од житарици кои се сметаат за здрава храна…
Ова се случува затоа што сите овие намирници содржат големо количество натриум (кој потекнува од солта). Високото ниво на натриумот во организмот им сигнализира на клетките дека најверојатно станува збор за дехидратација, па затоа тие почнуваат да ја задржуваат водата.
Ако претходниот ден сте јаделе нешто солено, односно некоја од претходно набројаните храни, а потоа се качите на вага, ќе забележите дека таа ќе покаже неколку килограми повеќе. Вие веднаш си помислувате дека сте се здебелиле, но вистината е дека во вашиот организам имате задржани течности, повеќе отколку што е нормално.
Лицето, рацете и нозете делуваат отечено, а најмногу се забележува во подуениот стомак. Затоа најверојатно ќе се чувствувате непријатно во вашата омилена облека. Меѓутоа, постои природен лек со кој се чувствувате подобро.
Со овој едноставен природен лек за неколку часови ќе ги „исцедите“ клетките и ќе ја исфрлите вишокот овида од вашето тело. Овој напиток ќе им сигнализира на клетките дека не станува збор за дехидратација и ќе се врати нормалната рамнотежа меѓу електролитите во телото.
На тој начин ќе се врати и рамниот стомак, а вагата повторно ќе ја покажува вашата нормална килажа. Ако си мислите дека пиењето на повеќе течности само ќе ја вло-ши вашата состојба и дека вашиот стомак повеќе се надуе, г решите, напротив, ќе му годи на вашиот организам.
Вашите бубрези се одговорни да го исфрлат вишокот натриум преку урината, а со пиење на повеќе вода вие само ќе им ја олесните таа нивна работа. Затоа, потребно е да се испијат 8-12 чаши вода за да се „испере“ вишокот натриум од телото.
Сигурно си помислувате: „Тоа е премногу вода, не можам да испијам толку голема количина“. Меѓутоа, наместо толку многу вода, може да јадете зеленчук и овошје кои содржат доста вода во себе (јагоди, јаболка, портокали, краставици, марула, пиперки, лубеница, здрави зеленчукови супи, смути, био-јогурти).
Сите овие здрави намирници ќе помогнат од телото да се исфрли вишокот натриум. Доколку не го регулирате неговото ниво, ризикот од висок притисок се зголемува, а со него и долгорочни кардиоваскуларни болести, особено мозочен и срцев у дар.
Натриумот и калиумот во клетките мора да бидат во соодветна рамнотежа. Тие се како „брат и сестра“. Кога нивото на натриумот е високо, тоа значи дека нивото на калиум е ниско. Тоа значи дека мора да започнете со внес на калиум, односно храна која содржи калиум, за да се врати повторно балансот помеѓу овие две состојки.
НАМИРНИЦИ БОГАТИ СО КАЛИУМ: Авокадо, сладок компир, спанаќ, кокосова вода, бел грав, црн грав, банани, суви кајсии… РЕЦЕПТ ЗА КАЛИУМ-СМУТИ: 1 банана, 1-2 раце спанаќ, 1 мало авокадо, 1 голем портокал, 1/2 манго или папаја, 1 чаша кокосова вода 1 лажичка мед по вкус.
Постапка: Сите состојки изблендирајте ги додека да добиете убава мазна смеса. по потреба додајте уште малку кокосова вода за разредување. Мангото можете да го замените со кајсии (ако се суви претходно натопете ги малку во вода или сок од портокал). Напитокот се пие на празен стомак.