Каков колач е ова драги мои, без брашно и шеќер, а не сум јадела ништо повкусно…Еве што ви не потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
150 г овесни снегулки
150 мл течен јогурт
4 урми без семка
2 банани изгмечени со виљушка
2 јајца
1 лажица какао во прав
1/2 прашок за печиво
100 г несолени кикирики
3 лажици маслиново масло
100 г чоколадо
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад помешајте овесни снегулки и јогурт, додајте сечкани урми и банани, па оставете кратко настрана да набабрат снегулките.
2.Во подлабок сад пенасто изматете ги белките додека да добиете снег, па додајте ги жолчките и промешајте. Додајте просеано прашок за печиво и какао, а потоа и смесата со овесни снегулки.
3.Во измешаната смеса додајте масло, а потоа сипете ја во помал огноотпорен сад обложен со хартија за печење.
4.Одозгора посипете кикирики и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 50 минути. Оставете да се олади, па сечете и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.