Долговечност
Жените во просек живеат подолго од мажите. Во САД разликата е пет години во корист на жените. Некои истражувања го поврзуваат ова со хромозомот Y, кој го имаат само мажите и кој им дава машки атрибути, но и повисока стапка на смртност од рак. Другата теорија за долговечноста се поврзува со полошиот начин на кој мажите се справуваат со стресот, а причината е и тоа што жените подоцна почнуваат да страдаат од срцеви заболувања. Покрај тоа, жените повеќе се грижат за своето здравје и почесто одат на прегледи.
Хормони
И мажите и жените за време на стареењето поминуваат низ одредени промени во сексуалноста. Кај жените тоа е менопаузата, која се случува околу 50. година од животот. Тоа е периодот кога престанува менструацијата, јајниците престануваат да произведуваат хормон естроген и тоа е наедно крај на репродуктивниот период. Честите симптоми кои ги придружуваат овие промени вклучуваат раздразливост, несоница, валунзи, зголемен замор, сувост на вагината и пониско либидо.
ЖЕНИТЕ ВО ПРОСЕК ЖИВЕАТ ПОДОЛГО ОД МАЖИТЕ
На мажите стареењето не им носи такви нагли промени. Кај нив се се одвива постепено, нивото на тестостерон полека се намалува. Овој процес кај мажите се нарекува андропауза, а намаленото ниво на тестостерон може да доведе до еректилна дисфункција, намалено либидо, а понекогаш и проблеми со ритамот на спиење. Сепак, за разлика од жените, каде што менопаузата го означува крајот на плодноста, мажите и во староста можат да произведуваат сперма и да имаат деца.
Задебелена кожа
За индустријата за убавина жените се целна група и за нив е измислен бесконечен спектар на производи против стареење и одржување на младешкиот изглед, креми против бори, серуми, антицелулитни производи… – сето тоа поради наметнатиот притисок дека е важно да останат млади.
Според едно истражување спроведено од страна на Американскиот меѓународен дерматолошки институт, машката кожа е, всушност, помалку подложна на знаците на стареење од женската.
И МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА СТАРЕЕЊЕТО ПОМИНУВААТ НИЗ ОДРЕДЕНИ ПРОМЕНИ ВО СЕКСУАЛНОСТА. КАЈ ЖЕНИТЕ ТОА Е МЕНОПАУЗАТА, КОЈА СЕ СЛУЧУВА ОКОЛУ 50. ГОДИНА ОД ЖИВОТОТ, А КАЈ МАЖИТЕ АНДРОПАУЗА
Нивото на тестостерон е знак на машкоста, но тоа е и голем адут за кожата која ја прави 25 проценти подебела. Мажите, исто така, имаат поголема густина на колаген, потврда текстура и поголема влажност на кожата, па поинтензивно се потат и имаат повеќе млечна киселина во потта. И мажите и жените подеднакво губат колаген веќе по 30 година, но кај жените во просек оваа загуба се забрзува пет години по менопаузата, а потоа се забавува. Од друга страна, машката кожа старее постепено. Меѓутоа, жените повеќе се грижат за себе, па подобро и редовно се штитат од сонцето, користат заштитни креми и други производи за нега, како што се средства за хидрација и сл.
Тежина
Веќе после 30 година, многумина почнуваат да водат битка со килограмите и слабеење на мускулната маса. Мажите обично добиваат на тежина се до средината на педесеттите години, а потоа, поради падот на нивото на тестостерон, кој ги одржува мускулите, масата почнува да се намалува. Жените, од друга страна, обично добиваат на тежина уште цела една деценија, се до 65 година, а потоа повторно главно поради загуба на мускулите, почнуваат да ја губат.
Губење на коса
И мажите и жените со тек на годините, во зависност од хормоните и генетиката, се соочуваат со опаѓање на косата, но ќелавоста ги погодува мажите многу повеќе отколку жените. Се проценува дека половина од сите мажи до педесеттата година ќе се сретнат со забележливо опаѓање на косата, а доколку тој проблем е наследен, почнува да се јавува уште после 40-тата година. Иако многу поретко, и жените, исто така, може да имаат некој облик на ќелавост, но почесто имаат проблем со тенката и слаба коса.