Уште многу одамна било познато дека бозелот е многу лековита билка. Нејзините лековити својства помагаат за лекување на најразлични воспаленија, дигестивни пречки, ревматолошки заболувања и астма, поттикнува потење, го чисти организмот од ток-сини, а има сведоштва од луѓе кои се излекувале од рак со помош на оваа билка.
Овојпат ќе ви го откриеме рецептот за приготвување на лек со чија помош ќе можете успешно да ги излекувате гно-јните акни, чирови и хемороиди. Најпрво е потребно да се приготви маслото од бозел. Се приготвува од белите цветчиња или од листови.
Потребни состојки: 2-3 лажици ситно сечкани листови од бозел и 100 мл маслиново масло.
Постапка: наберете ги листовите на сонебво време и наредете ги на памучна крпа или хартиена салветка, па оставете ги да се исушат на темно и проветно место. По потреба превртувајте ги неколку пати за побрзо и подобро да се исушат. Дали се готови ќе проверите на следниот начин:
Допрете го листот, притиснете го меѓу прсти, па доколку се изрони во прав, значи дека убаво се исушил. Вака исушените листови иситнете ги и ставете ги во тегла. Прелијте ги со маслиново масло и добро затворете со капак.
Оставете ја теглата на некое место да отстои 2-3 седмици со повремено протресување. потоа маслото процедете го низ двојна газа и добиеното масло чувајте го во стерилизиран, стаклен сад.
Примена: неколкупати во денот во тенок слој нанесувајте на хемороидите, акните или чировите. Совет: маслото можете да го приготвите од цвет од бозе и бадемово масло. Ова масло пред да се процеди потребно е да се остави две седмици на топло месо, но не на директна сончева светлина.
ЛОСИОН ОД БОЗЕЛ
Потребни состојки: 100 мл масло од лист од бозе (опишано погоре) и 2-3 супени лажици вински домашен оцет.
Постапка: Во стаклена стерилизирана тегла со масло од бозел, додајте вински оцет, затворете и добро протресете. На овој начин го добивте лосионот кој секогаш пред употреба е потребно добро да се протресе. Лосионот е добар за нега на проблематична кожа.
Лековитите својства на бозел
Бозелот (Sambucus nigra) е билка која расте на планинските места како грмушка, а на ниските места како дрво, кое достигнува височина до 5 метри. Лековитите својства на бозелот се содржани во сите делови на билката: цветот, плодот, листот, кората и коренот. Тие содржат витамини А, Б1, Б2, Ц, етерични масла, горки сустанции, јаболкова киселина, сахароза и друго.
Често цветовите и плодовите од бозел се користат за приготвување на чаеви, сокови, џемови, слично. Бозелот е познат народен лек од многу оддамна. Се верувало дека гранчињата од бозел во џебот штитат од реума.
Цветовите на бозелот се ситни, бели или бледожолтеникави, собрани во соцветија со облик на штит. Плодовите се ситни и тркалести. Кога се зрели, имаат црно-сина боја. Во фитотерапијата се употребуваат главно цветовите, кои се собираат во мај и јуни, по убаво и суво време. Исушените цветови имаат голема склоност да апсорбираат влага и затоа треба да се чуваат во добро затворени, непропустливи амбалажи.
Плодовите на бозелот (Sambucus nigra) полни се во витамин Ц, флавоиди и растителни белковини, кои се борат против вирусите. Тие се ефикасни во спречувањето на настинката и грипот.
Клиничките истражувања во Израел покажале дека бозелот не само што го намалува ризикот од настинка и грип, туку ја намалува тежината и го скратува времетраењето на настинката и грипот.
Истражувачите од одделението за вирусологија на Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим откриле дека пациентите кои биле болни од грип и кои земале бозел, се опоравиле два пати побрзо, отколку оние болни кои земале таблета плацебо (лажен лек). Научниците заклучиле дека активната материја во бозелот може да го скрати грипот за 4 дена.
За превенција на настинка и грип користете екстракт од топчиња на бозел, или цвет од бозел. Доколку користите екстракт, земајте го една до две лажици дневно. Ако се јават симптом на настинка и грип, може да го земате екстрактот од бозел и почесто, односно 4 лажици дневно.
Чајот од бозел е многу корисен. Бозелот е популарна билка меѓу сите народи за лекување заболувања на дишните органи. Најпознат е по тоа што предизвикува зголемено потење. Според некои автори, тоа доаѓа оттаму што цветовите на бозелот го намалуваат прагот на дразба на центарот за регулирање на потењето.
Како резултат на тоа, пиењето на топол чај од бозел предизвикува обилно потење. Позитивните ефекти од потењето се ослободување од токсините и намалување на високата телесна температура. Овие ефекти се особено важни при лекување на грип, настинка и воспалени дишни органи.
Чајот од бозел се приготвува на следниот начин: една чајна лажица (10 г) од суви цветови се попарува со чаша жешка вода. Садот стои покриен 20 -30 минути, се процедува и се пие засладен со мед, по половина чаша три до четири пати дневно, 15 минути пред јадење.
Како чај за потење многу голема ефикасност покажува мешавината од еднакви количества цвет од бозел, липов цвет и лист од нане. Од оваа мешавина се зема една супена лажица, се залева со две чаши жешка вода, се вари 10 минути, се процедува. Чајот се пие врел.
Потоа треба да легнете и покриени со покривка да мирувате. Поради содржината на слуз, чајот од бозел ја смирува сувата кашлица. Оттаму многу често се среќава во комбинираните билни препарати, кои се користат било како сирупи или таблети против кашлица.
Плодовите од бозел се користат како благо средство против запек, а дејството им се припишува на смолите и на пектините. Малку луѓе знат дека од пресните зрели плодови може да се подготви вкусен џем.
Џемот од плодовите на бозелот не само што е вкусно јадење со пријатен мирис, арома и вкус, туку претставува одлично средство кое го поттикнува празнењето на цревата, кога не се советува земање на јаки средства за запек, било поради воспаление на цревата или гр-чеви. Посебно е корисно кај малите деца. Тоа е безопасно, а сепак сигурно средство против запек.
Деца што имаат проблеми со столицата, може да ја нормализираат со две до три лажички од овој џем.
Младите листови на бозелот и сокот од неговите плодови се богат извор на витамини, пред сè на витаминот Ц и каротинот. За закрепнување на организмот се препорачува чај што се приготвува од шест до осум лисја бозел, кои се попаруваат со чаша врела вода и отстојуваат 20 минути. Чајот се пие пред јадење.
Бозелот помага и при невралгии, при ишијас и болки во крстот (лумбаго). Како природен лек против овие болести се користи сокот од бозел, кој може да се пие ладен или топол. Пиење на сок од бозел, два пати дневно доведува до брзо оздравување од овие болести. Сокот од бозел со голем успех ја лечи и невралгијата на нервот тригеминус (нерв на лицето).
Сок од цветовите на бозелот
Потребни состојки: 1 лажица цветови од бозел, 1 kg шеќер, 500 мл вински оцет, 1 лимон, 5 литри вода
Постапка: во водата се става шеќерот и се додава винскиот оцет. Се вари 30 минути, на тивок оган. Потоа се додава цветот од бозел и исечканите парчиња лимон и се вари уште 5 минути. Се остава смесата да отстои преку ноќ, а другиот ден се процедува низ газа и се става во шишиња, кои треба добро да се затворат.