Кај бројни народи застапено е верувањето дека одредени предмети може да донесат заштита од несреќа и уроци.
На нашите простори, особено во селата постои верување дека една обична игла може да ги заштити домашните од уроци, како и позитивно да делува врз нивната среќа, здравје и просперитет. Иглата е особено делотворна доколку имате проблеми со неповикани или несакани гости кои ви се појавуваат на врата во најнепријатни моменти. Во тој случај, постои едноставен ритуал со чија помош ќе се ослободите од досадните гости.
Земете нова игла, па неколку пати поминете ја низ пламен од свеќа, а потоа добро измијте ја под млаз ладна вода. Потоа иглата ставете ја во мешавина од сол и црн пипер и оставете така да преноќи. Наутро, ставете ја иглата во прагот од влезната врата, но добро сокријте ја за да не може никој да ја види.
Според народните верувања, никогаш повеќе ќе немате проблеми со неповикани гости или непријатните луѓе кои не ги поднесувате.