Како се прави тартар сос како од ресторан….Рецепт за кој нема да потрошите повеќе од 5 минути…
НАЈДОБРИОТ ТАРТАР СОС СЕ ПРАВИ ЗА 5 МИНУТИ: Нема подобар и затоа е омилен
Постојат два основни рецепти за тартар сос: во едниот преовладува вкусот на мајонезот, а во другиот преовладува вкусот на киселата павлака.
Во оној кој содржи повеќе мајонез се додава и копар, ароматична билка која го прави специфичен тартар сосот.
Другиот рецепт, оној кој се приготвува со кисела павлака, има понеутрален и поосвежителен вкус, па може да се користи како додаток на буквално секое јадење, а не само на похуваните.
Основната состојка на тартар сосот се всушност киселите краставички кои можат да се рендаат или сечкаат.
Без разлика дали го сакате посилниот вкус со мајонез и копар или киселата павлака со магдонос, испробајте ги и двата рецепти кои ќе ви ги претставиме во продолжение, па сами одлучете кој повеќе ви одговара, пишува НМД.
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
30 г кисели краставички,
2 супени лажици ситно сечкан свеж лист од магдонос,
1 чаша кисела павлака (180 г),
1 мала лажичка сенф,
1 супена лажица мајонез,
1 прстофат сол,
малку свежо мелен црн пипер,
сок од половина лимон,
1-2 чешниња лук
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 г мајонез,
2 големи лажици кисела павлака колку може помасна (со повисок % млечни масти),
5 кисели краставички,
2 чешниња лук,
1 лажица магдонос,
1 лажица копар,
1 лажичка сенф,
сол,
црн пипер.
ПОСТАПКАТА детално опишана и за двата рецепти можете да ја прочитате ОВДЕ:
НАЈДОБРИОТ ТАРТАР СОС СЕ ПРАВИ ЗА 5 МИНУТИ: Нема подобар и затоа е омилен