Како се прави КОХ ОД ГРИЗ…Точни мерки…вкусен и освежителен десерт кој се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца
4 лажици шеќер
8 лажици гриз
2 кесички ванилин шеќер
1 литар млеко + шеќер по желба

*На 1 јајце се ставаат 2 лажици гриз

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги белките со 4 лажици шеќер додека да добиете цврст снег. Додајте 8 лажици гриз, малку разматените жолчки и убаво измешајте со шпатула.

2.Плехот за печење од 22-24 сантиметри намачкајте го со масло и посипете го со брашно.

3.Истурете го тестото и израмнете. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути додека да порумени.

4.Сварете литар млеко со шеќер по желба (2.5-3 лажици) и додајте ванилин шеќер, па полека прелијте го печениот кох и оставете да се впие. Постапката погледнете ја ОВДЕ.