КАКО СЕ ОСЛАБУВА ПО 50-тата? Со 3 клучни правила секогаш ќе бидеме витки, а еве кои намирници треба да се избегнуваат..
Многу дами ги мачи прашањето како да ослабат по педесеттата година, бидејќи процесот е многу бавен, но сепак – постои начин.
Со возраста, нашето тело се менува и поминува низ различни фази. Познато е и дека метаболизмот се забавува, па затоа процесот на слабеење е подолг и потежок.
По педесеттата година мускулната маса значително се намалува, додека на ова влијаат различни фактори кои годините ги носат со себе.
Кога влегуваме во 6-та деценија се менуваат и хормоните, а тоа чувство особено го знаат жените, бидејќи тогаш доаѓа менопаузата која со себе носи различни процеси.
Нутриционистот Бланка Карасија даде неколку совети кои можат да помогнат да се ослободите од вишокот килограми по педесеттата година од животот.
Нутриционистот советува целосно да се откажете од слатките и да јадете повеќе зеленчук. Најпрво таа предложи да пиете повеќе вода бидејќи на тој начин не само што слабеете, туку и ги намалувате факторите на ризик за дијабетес тип 2.
Исто така, нутриционистката советува да се намали или целосно да се елиминира преработената храна, особено чипсот, печивата и сладоледот, како и други купечки слатки кои содржат многу вештачки бои и адитиви.
„На повеќето од овие производи им недостасуваат квалитетни состојки и хранливи материи.
Овие намирници се богати со рафинирани јаглехидрати, бои, адитиви, конзерванси и шеќер и доведуваат до зголемување на телесната тежина и нерамнотежа на хранливи материи во организмот”, објасни нутриционистот и потсети на важноста на протеините и фактот дека не се само од животинско потекло.
Бланка советува да се јаде повеќе леќа, грав, печурки и леб од интегрални житарици.
„Вклучувањето на производите од целозрнеста пченица во вашата исхрана ќе ви обезбеди сложени јаглехидрати и влакна кои ќе ви помогнат подолго да се чувствувате сити“, заклучи таа.
„Растителни извори на протеини се мешунките, како грав, грашок, леќа и соја, но и семки и јаткасти плодови.
Сепак, важно е да се запамети дека овие намирници не ги содржат сите есенцијални амино киселини, па затоа е неопходно да се комбинираат неколку намирници “, изјави нутриционистот, диететичарот Јована Срејиќ Ферлуга и откри кои комбинации се добредојдени во исхраната:
– Житарици и мешунки
– Црн грав и ориз
– Ореви и грашок
– Леќа и бадеми
– Леб од спелта и путер од кикирики