Потребни состојки:

500 г брашно (просеано, за да биде повеќе воздушесто)

1 сув квасец

100 мл млеко

200 мл вода +-

1 лажичка мед или шеќер

½ лажица сол

За фил:

200 г шунка

100 г пршута

200 г кашкавал

200 г пропржени или маринирани печурки

Кечап, оригано, сусам и жолчка за премачкување

Постапка:

Во топла вода разматете го квасецот, лажица брашно и лажичка мед или шеќер. Оставете го квасецот да се активира. Брашното посолете го и во него додадете го активираниот квасец и млако млеко. Замесете тесто кое се одлепува од ѕидовите на садот, па потоа префрлете го на работната површина и удредете го 5-6 пати. Така ќе добиете убаво воздушесто тесто.

Тестото премачкајте го маслиново масло (или обично), завиткајте го во проѕирна фолија или вратете го во садот и покријте го со кеса. Оставете да нарасне.

Додека тестото кисне, вие можете да ги сечкате и рендате состојките за филот. За еден час ова тесто ќе се удвои убаво. Потоа премесете го околу минута – две. Потоа директно врз хартија развлечете го во кора. Во центарот на кругот направете дупченце. Потоа спушете некој соодветен сад за да обележете круг (15 см), па од дупчето (центарот) пресечете 8 триаголници, до обележаниот круг.

Намачкајте со кечап, па наредете го филот во круг како прстен. Количината и состојките се по ваша желба. Потоа триаголниците еден по еден, се повлекуваат преку филот и се подвлекуваат под тестото.

Одозгора премачкајте со жолчка и наросете со сусам. Се пече во загреана рерна на 180-200 степени околу 15-20 минути.