Еве како најлесно и најбрзо да ја исечете зелката за салата, без да потрошите премногу време и без премногу труд. На трпезите ширум Македонија многу често може да се сретне салатата од свежа зелка.

Најдобро оди со печено месо или други помасни јадење, бидејќи многу е освежителна и полна со витамини. Меѓутоа, понекогаш за подготовката на оваа салата е потребно премногу време.




Не можете едноставно да ја ставите во блендер, бидејќи доколку се сомеле премногу ситно таа ќе се претвори во каша, а доколку се иcече доста крупно („како се cекира“), тогаш не може да апcорбира зачините и не е премногу вкусна за јадење.




За да ја исечкате зелката на начин со кој ќе добиете совршена салата, потребно е да примените едноставна техника и да заборавите на класичното ренде или на големите ножеви за сечење зелка.




Сè што ви е потребно е еден лупач за зеленчук. Тој може да биде и обичен кој најчесто се користи за лупење компири, но во последно време можат да се најдат и специјални, широки лупачи кои се наменети токму за ситнење на зелката.




На пазарите има разни видови од овие „лупачи“ на зелка. Еве како се користи лупачот: Главицата од зелка измијте ја и исчитете ја надворешно вообичаено, како што тоа го правите пред секое сечкање на салатата.




Потоа, пресечете ја главицата на половина, а потоа и четвртини. Земете една четвртина зелка и ставете ја врз даска за сечење. Потоа земете го лупачот и повлекувајте едноставни потези горе-долу во внатрешноста на зелката.




Таа ќе се исече рамномерно, зелката ќе биде доволно тенко исечења а со самото тоа ќе ги впие сите зачини или веќе готовиот дресинг за салати. Покрај тоа, работата двојно побрзо ќе се заврши од вообичаено, а домаќинката или домаќинот не ќе мора да вложува многу сила за да ја приготви оваа вкусна салата.




А за да биде салатата уште повкусна, задолжително во неа додајте и малку шеќер, доволно е еден прстофат или половина лажичка, а другите зачини се стандардни: масло и оцет, но и малку вода. Исто така, многу убав вкус ако се додаде и половина чешне лукче исечено на најситно можно, бидејќчи во таа количина не се чувствува, но дава преубав вкус.




Добро измешајте ја салатата и истискајте ја малку со раце, па оставете ја да отстои 15-тина минути пред послужување со главното јадење. Благодерение на водата која ќе ја додадете зелката дополнително ќе омекне, а шеќерот ќе ги активира сите вкусови, па така салатата ќе стане неодоливо вкусна.