Home Градинарство Како магија…Од оваа магична вода цвеќињата веднаш расцветуваат и стануваат бујни…

Како магија…Од оваа магична вода цвеќињата веднаш расцветуваат и стануваат бујни…

Органско течно ѓубриво за стимулирање на цветањето на растенијата

Дали вашите растенија престанале да цветаат или забавиле со растот? Со овој едноставен, природен и економичен рецепт за органско ѓубриво, направено од грашок, ќе ги вратите вашите растенија во полн сјај!

Овој метод е идеален за сите видови растенија – од кактуси и сукуленти до орхидеи и лилјани.

Следете ја постапката и уживајте во бујно цветање на вашите растенија на органски начин, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

– 2 лажици сув грашок
– 1 литар вода
– НМД

ПОСТАПКА:

1. Во тенџере ставете 2 лажици сув грашок и додајте 1 литар вода.
2. Загрејте ја смесата додека да зоврие.

3. Откако водата ќе почне да врие, оставете ја да крчка на тивок оган 5 минути за да се ослободат хранливите материи од грашокот.

4. Исклучете го огнот и оставете ја течноста малку да се излади.
5. Процедете ја смесата за да ги отстраните парчињата грашок, оставајќи ја само течноста.

6. Добиеното течно ѓубриво е подготвено за употреба. Нанесете го на почвата на вашите растенија на секои 15 дена.

Напомена

Ова ѓубриво е богато со азот, фосфор, калиум, магнезиум, бор и манган – есенцијални хранливи материи што го стимулираат растот и цветањето на сите видови растенија.

Со редовна употреба, вашите растенија ќе добијат нов живот без потреба од скапи хемиски ѓубрива.

Уживајте во грижата за вашите растенија со овој природен и ефикасен метод! Видео прилогот можете да го погледнете ОВДЕ: