Овие вкусни полнети крофни се прават од неколку состојки, а рецептот е направен по сите прописи за тестото да биде меко и воздушесто. Воопшто не се еластични и масни, а најмногу ги сакаме кога ќе ги наполнам со фил од Нутела.
Почнав да ги правам секој втор ден и уште ни се нема здосадено од што е убаво тестото. Може да ги полните со различни кремови, пудинг од ванила, чоколадо, џем по ваш вкус, а некои ги сакаат и шупливи бидејќи вкусот е навистина предобар. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 мл млако млеко, 35 г шеќер, 5 г инстант квасец, 1 јајце, 1 голема лажица масло, 325 г брашно, 1/4 лажичка сол, 1/2 лажичка прашок за печиво, 15 г путер, Нутела или некој друг крем за полнење и шеќер во прав за наросување.
ПОСТАПКА: во 150 мл млако млеко кое отстојало минимум 1 час на собна температура како и јајцето, ставете го во подлабок сад и додајте го шеќерот. Промешајте со жица/маталка колку да се растопи шеќерот и додајте го квасецот. Повторно промешајте и причекајте 1-2 минути додека течноста да набубри.
Потоа скршете едно јајце, додајте го маслото, солта, прашокот за печиво и на крај се додава брашното постепено. Замесете фино и меко тесто со раце кое треба да биде мазно, меко и нелепливо под прсти. Некаде пред месењето додајте го омекнатиот путер кој сте го исекле на помали парчиња и вметнете го во тестото да се соедини со него.
Тестото вратете го во садот каде што сте го замесиле и покријте го со крпа. Оставете да нарасне 45 минути додека да се удвои. Потоа уште малку размесете го и поделете го на два еднакви делови. Секој дел уште малку размесете го и развлечете го во круг како тесто за пица.
Потоа поделете на осминки, триаголници (или правоаголници) и редете ги на плех наросен со малку брашно и оставете да одморат неколку минути додека во меѓувреме го загреете маслото на ниска температура во едно тенџере. Прелијте со длабоко масло за кога ќе ги спуштате крофните да потонат во него.
Пржете на тивко додека да заруменат од едната страна, па потоа превртете ги на другата и пржете уште неколку минути. Крофните може да ги правите и во рерна, доколку не сакате да бидат подготвувани во масло.
Во тој случај се печат на 180 степени додека за заруменат, но недостаток е тоа што може да паѓаат и да не бидат доволно цврсти и воздушести.
Топлите крофни полнети ги со Нутела или некој друг фил по ваш вкус така што ќе направите дупче на страните, а со шприц ќе ги наполните со филот. Додека се уште врели валкајте ги во шеќер во прав и почекајте да се оладат пред да ги послужите. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.