Како комбинацијата од растителни влакна, пробиотици и антиоксиданси може природно да ја поддржи дигестијата – без агресивни методи.
Современата исхрана често е сиромашна со растителни влакна и корисни бактерии, што може да доведе до чувство на тежина, надуеност и нередовно празнење на цревата.
Овој едноставен утрински напиток комбинира природни извори на растителни влакна, здрави масти, антиоксиданси и пробиотици, со цел поддршка на нормалната дигестивна функција и цревната рамнотежа, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


🧾 Потребни состојки
• 3 урми
• 2 ореви (јатките -4 половинки)
• 1/2 портокал (излупен, без семки – се користи целата пулпа)
• 7 g свеж корен од куркума или 1/2 лажичка куркума во прав
• 200 ml кефир (обично млеко или растително млеко: бадемово или оризово)
👩🍳 Постапка
1. Сите состојки ставете ги во блендер.
2. Блендирајте додека да добиете целосно еднолична и кремаста конзистенција.
3. Консумирајте свежо подготвен напиток.
👉 Најчесто се препорачува да се пие наутро, на празен желудник, неколку пати неделно, како дел од балансирана исхрана.
🔬 Како делува напитокот – од желудник до црева
• Во желудникот:
Течната форма овозможува полесно варење. Природните шеќери од урмите обезбедуваат енергија без нагли осцилации, додека здравите масти од оревите го забавуваат празнењето на желудникот и придонесуваат за подолго чувство на ситост.
• Во тенкото црево:
Растителните влакна од урмите и портокалот не се разградуваат целосно, туку ја задржуваат водата и ја зголемуваат волуменската маса на дигестивната содржина, што физиолошки го стимулира движењето на цревата.
• Во дебелото црево:
Кефирот обезбедува пробиотски култури кои придонесуваат за здрава цревна микрофлора. Ова може да помогне во одржување на нормален ритам на празнење и подобра конзистенција на столицата, без агресивно дејство.
➡️ Важно: Напитокот ја поддржува природната физиолошка функција на цревата!
👥 За кого е особено соодветен
Овој напиток може да биде корисен како дел од исхраната кај лица кои:
• имаат повремена нередовна столица
• чувствуваат надуеност или тежина по јадење
• сакаат да ја поддржат цревната микрофлора
• имаат зголемени нутритивни потреби (на пример, активни лица)
⚠️ Лица со дијабетес, хронични дигестивни заболувања или алергија на некоја состојка, треба да се консултираат со здравствен професионалец. Постаката погледнете ја ОВДЕ:
































