Еклерот е ист вид на колач како принцес крофните. Смесата од која се приготвува тестото е исто, само се разликуваат по формата. Еклерите не се топчести како принцес крофните, туку се долгнавести со должина и до дури 10 см.
На еклерите им се радуваат љубителите на чоколадни колачи, бидејќи тие се всушност принцес крофни само со чоколаден крем.
Потребни состојки:
100 мл масло
200 мл вода
6 лажици остро брашно (полни
3 јајца (2 големи или 3 средни)
За фил:
3 жолчки
300 мл млеко
5 лажици шеќер
3 лажици брашно
100 г чоколадо
100 мл слатка павлака
Постапка:
На оган ставете вода и масло. Кога ќе зоврие тргнете од оган па додадете брашно со постојано матење. Кога смесата ќе се соедини и ќе стане густа, оставете да излади.
Во млаката смеса додадете две јајца оа изматете, а ако е прегусто додадете и трето. Најдобро е јајцата да се додаваат едно по едно.
Загрејте ја рерната на 200 степени, па со шприц извлекувајте долги ленти со должина од 10 см. Печете ги 20-25 минути во зависност од рерната. Првите 15 минути никако не ја отворајте рерната зошто ќе спласне тестото. Печените еклери оставете ги да изладат, па ладни сечете ги надолжно на половина.
Додека се печат еклерите, пригответе го кремот: ставете го млекото на оган да проврие. Одземете малку ос млекото за да ги зиматите жолчките, шеќерот и брашното, па кога ќе зоврие сварете ја смесата со постојано мешање додека да згусне. Потоа тргнете од оган и додадете кршено чоколадо, па мешајте додека да се растопи. Оставете целосно да излади.
Изматете слатка павлака, па додадете ја во изладениот крем со миксање. Наполнете шприц со кремот па нанесете на долниот дел од еклерот и поклопете со горниот дел. Преку чоколадниот фил можете да нанесете и шлаг или изматена слатка павлака. На крајот наросете шеќер во прав (или чоколадна глазура).