Еве уште еден проверен, едноставен, но многу ефикасен рецепт од руската традиционална медицина, за лекување на воспалено грло и ангина.
Потребно е:
1 поголемо цвекло и 9 процентен алкохолен оцет
Подготовка:
· Изрендајте го цвеклото на ситно ренде.
· На 250г изрендано цвекло, додадете 1 супена лажица оцет, на 500 грама , 2 лажици.
· Промешајте и оставете да отстои 15 до 20 минути.
· Потоа исцедете низ газа или цедилка.
· Остатокот од цвеклото, фрлете го.
Правете гаргара редовно, на секои 2 до 3 часа (можете и да проголтате за подобар ефект) и резултатите нема да изостанат.
На овој начин цвеклото помага при лечењето на хронично воспаление на грлото и гнојна ангина.
uspesnazena.com