Како да препознаете личност која ви посакува ЗЛО: Обратете внимание на еден сигнал и сè ќе би стане јасно…Можеби личноста знае како да се прикрие, но секогаш лесно ќе ја препознаете по една работа…

Веројатно во животот сте научиле дека не сите луѓе имаат добри намери. Понекогаш се кријат зад „божемната“ добрина. Како да ги демаскирате?

Научете како да препознавате и да им одолеете на лошите луѓе.

Се радува на вашата несреќа

Некои луѓе уживаат кога не ви оди добро. Кога сте во неволја, чувствувате дека тие се радуваат иако тоа пробуваат да го маскираат.

Најголемата опасност е што тие самите можат да ви создадат непријатни ситуации пред другите за подоцна да уживаат во вашата неприлика.

Важно е таквите да се препознаат навреме. Тие исто така уживаат кога се случуваат драматични работи во светот или ширум светот и немаат сочувство и емпатија.

Сака да има сè под контрола

Тие се чувствуваат непријатно или беспомошно кога немаат контрола над сите аспекти од животот. И покрај оваа опсесија, тие можат да изгледаат пријателски и решителни.

Но, штом ќе им се приближите, тие ќе го покажат своето вистинско лице и ќе се обидат да го контролираат и вашиот живот.

Патолошко лажење

Секој лаже во одреден момент, но патолошката лага е друга приказна.

Патолошките лажговци им припаѓаат на оние кои постојано лажат и манипулираат со лаги на различни начини и ја трансформираат реалната ситуација и животот со кој не се многу задоволни.

Ќе ги препознаете по тоа што нивните приказни постојано се менуваат.

Се чувствувате лошо кога сте со оваа личност

Луѓето чувствуваат енергија едни од други. Како што, на пример, јадењето неквалитетна храна влијае на нашата кожа, така и енергијата на другите луѓе влијае на нас на свој начин. Па така, нормално е да се чувствувате непријатно и истоштено покрај злобните луѓе.

Несоодветни коментари

Меѓу веќе наведените карактеристики на луѓето кои не им посакуваат добро на другите е и суровоста, која оди рака под рака со пресметаното однесување кое таквите луѓе го практикуваат во односите со другите.

Непријатните коментари и лошото однесување произлегуваат од нивните лични фрустрации и подобро е да се држите подалеку од таквите луѓе за овие форми на суровост да не предизвикаат сериозна штета во вашиот живот.

Манипулација

Злите луѓе се способни да си подигруваат, да покажат манипулативна добронамерност и емпатија, дури и ако не го мислат тоа. Тие често се одлични манипулатори и ќе бидат добри со вас само за да добијат нешто за возврат, без разлика дали се тоа пари, се*c, покорност или нешто полошо.