Настинката и грипот спаѓаат во најчестите заболувања на респираторниот тракт, а настинската се јавува почесто отколку сите болести заедно. Повеќето луѓе настинуваат неколкупати годишно, обично напролет и наесен. Ако чувствувате дека ќе се разболете, мора веднаш да преземете неопходни мерки.
Ако ја започнете борбата против првите симптоми на настинка во почетна фаза, можно е да спречите развој на сериозни заболувања како грип, бронхитис и сл, како и воспалителни процеси во организмот.
Овие три едноставни, но ефикани и проверени народни рецепти ќе ви помогнат да се изборите со почетните симптоми на настинка и грип и ќе го спречите развојот на болеста.
1.Овој напиток е природна замена за популарните „Coldrex и „Ferveks“,кои можете да ги направите сами без одење во аптека, а кој е еднакво ефикасен, а можеби и подобар.
Во 1,5 литар вода (превриена и изладена до собна температура) додадете 1 супена крупна морска лажица сол, сок од еден лимон и 1 грам аскорбинска киселина (витамин Ц во прав или шумлива таблета). По желба можете да засладете со лажица мед. Добро промешајте и испијте го овој раствор во рок од 1,5 час. По потреба повторете уште еднаш.
2.Кај први симптоми на настинка помага и овој рецепт:
Загрејте 100 мл црно вино, додадете ¼ лажичка црн мелен пипер и 1 лажица мед. Промешајте и испијте го топло пред спиење.
3.И третиот, проверен рецепт кој е 100% ефикасен. Познат лек против настинки и кашлица – врело пиво со мед. Можеби нема пријатен вкус, но многу е ефикасен!
Едно шише пиво од 0,5 литар истурете го во тенџере и загрејте го да биде врело. Тргнете го од оган и додадете 2 лажици мед и прстофат цимет и каранфилче, па промешајте. Пијте во текот на вечерта, пред спиење, во мали голтки. После легнете во кревет.