Генадиј Петрович Малахов е популарен руски исцелител и автор на бројни книги од областа на народната-алтернативна медицина, кој живее и работи во Каменск-Шахинскиј недалеку од Ростов на Дон.
До сега објавил повеќе од 60 книги, кои се продадени во преку 30 милиони примероци и преведени на повеќе странски јазици.
Со своите книги тој има желба да ги мотивира луѓето да го запознаат својот организам и да научат некои вештини за самоизлекување. Многу од терапиите кои ги препорачува во своите книги вклучуваат и терапии со гладување и прочистување на организмот.
Ова е еден негов рецепт за чистење на организмот со ленено масло и зачини.
ЗА ЛЕНОТ:
Се смета за една од најстарите припитомени билки на Земјата. Лековитите својства на малите семенчиња се користени за олеснување на многу здравствени тегоби и за одржување на добро здравје. Денес ленот неоправдано се занемарува, а исклучителната вредност на неговото семе е позната само на упатените во знаењето за здрава исхрана.
Ленот е природен растителен извор на високи концентрации од есенцијални масни киселини (повеќето незаситени), диетални влакна, есенцијални аминокиселини, и бројни други вредни нутриенти.
Лененото семе содржи витамини Б, Ц, Е, фитостероли, минерали: калциум, селен, бакар, железо, цинк, натриум, магнезиум, фосфор и калиум.
Содржи линолна киселина (омега-6), олеинска (омега-9), палмитинска масна киселина, а повеќе од половината масти содржани во ленот, се алфа линоленска киселина (омега-3), со што го прави најбогатиот растителен извор на омега-3 масни киселини (двојно повеќе од рибиното масло).
Лененото семе е исто така најбогатиот извор на лигани, важни антиоксиданси.
КОНСУМИРАЊЕ:
Ленот е можно да се консумира во вид на семе (особено ако се смеле за полесно искористување на неговата полна вредност) или поедноставно- во облик на масло.
Лененото масло е достапно во шише и во капсули, за поедноставно консумирање. Не се препорачува да се користи за готвење бидејќи не е стабилно на повисока температура и неговите масни киселини се разложуваат во штетни материи.
Лененото масло е многу ефикасно и за надворешна употреба, за нанесување на кожата. Се користи за исцелување на лузни (не се нанесува на отворени рани), кај изгореници, воспаленија, екцеми, псоријаза, кожни исипувања и сл. Многу е корисно за надворешна употреба кај сува и перутава кожа.
Едноставно е и вкусно, а супер-здраво доколку за појадок се измеша со младо кравјо сирење на кое сте му додале малку чили. Потребно е добро да се измешаат овие состојки, за целосно да се спојат.-РЕЦЕПТ.
Овој рецепт се препорачува за одржување на идеална телесна тежина и добро здравје. Најдобро е да се користи ленено масло од органско потекло.
Маслото со висок квалитет воопшто нема, или сосема малку има мирис и има многу благ, помалку јаткаст вкус. Доколку користите лекови против згрутчување на крвта или сте бремена или доилка, пред консумирање на лененото масло, советувајте се со вашиот лекар.
При чување на ова масло треба да се има во предвид неговата пречувствителност на светлина и температура, бидејќи брзо може да оксидира.
Во случај на расипување, во маслото започнуваат да се ослободуваат штетни молекули од липидот пероксид, па добива непријате вкус и остар мирис. Затоа е потребно да се чува добро затворено во фрижидер, а истото се однесува и за ленените капсули.
РЕЦЕПТ
Потребни состојки:
50 мл ленено масло (1/4 чаша)
Прстофат ѓумбир во прав
Прстофат црн пипер во прав
Постапка:
Сите состојки добро измешајте ги.
Употреба:
Испијте наутро на гладно. Ова масло треба да се приготвува и да се пие само три дена.
Маслото го обложува организмот внатрешно, а зачините помагаат да се исфрлат токсините. После три дена користете го лененото масло но без зачини, па внимателно втривајте го надворешно преку кожата, на целото тело.
Оваа масажа е потребна за целосно исфрлање на токините од организмот.