Докажано е дека за секој човек може многу да се откерие според работите кои ги сака или не – па така и за неговото омилено цвеќе. Пронајдете се и вие, па напишете во коментар дали во ова има вистина…
РУЖА: Легендата вели дека ружата се родила од сoлзите на божицата Афродита која плaчела по својот љyбовник. Затоа првата симболика за овој цвет е љубов, а луѓето кои ги сакаат ружите се големи романтичари.
Вљубени се во животот, во некоја личност, во природата, а нивната главна карактеристика е дека се полни со топлина и нежност за секого, но и дека многу внимаваат кому ја даваат таа нежност.
Исто како и ружите, даваат многу, но ако ги повpедите, пазете се од нивните боцки. За љубителите на ружата, патувањата и авантурите може да бидат начин на живот. Таквите луѓе се маѓепсани од различните култури и нивните автентични карактеристики, па тие никогаш не излегуваат од мода и секогаш се полн цвет.
БОЖУР: Овие лица ја следат модата, имаат свој карактеристичен стил и вкус, убава облека и грациозност како од некое минато време. Често имаат многу елегантна венчавка и животен стил. Исто така, како што божурот е распространет и се цени насекаде во светот, така и овие лица се чувтсвуваат угодно во било која земја која ќе ја посетат.
МАГНОЛИЈА: Магнолијата расте само во мај и таа е најстариот познат цвет, со преубав мирис и единствен изглед. Луѓето кои го сакаат ова цвеќе, многу се посебни и отмени и често доаѓаат од богата и интелектуална фамилија, склони се кон ориенталниот стил, мистици и духовити.
ХОРТЕНЗИЈА: Токму како и хортензијата, расположението на овие лица се мена заедно со годишните времиња, а летото им е омилено. Многу се чувствителни и малку интензивни во своите друштевени кругови и работното опкружување. Исто така, хортензиите впиваат вода преку својата “глава” па и нивните љубители обожуваат се’ што е поврзано со водата и летото.
ОРХИДЕЈА: За неа се вели дека е цвет на успешните луѓе. Личностите кои ја сакаат орхидејата се многу итри и малку таинствени, а секој сака малку мистериозност, зар не? Љубителите на орхидејата се самоуверени, способни и храбри луѓе. Ги краси подготвеност за помош и имаат развиено висока емпатија кон другите луѓе.
Своите карактеристики никогаш не ги покажуваат веднаш, па може да се каже дека се малку повлечени. Исто така, мора да се спомене дека овие луѓе најчесто се поврзани за некоја креативна работа, а од патувањата најчесто ги одбираат егзотичните дестинации.
ЛАЛЕ: Облеката, вкусот, храната и животното искуство варираат кај овие лица баш како и боите на лалињата. Со други зборови, овие луѓе имаат борат и разновиден социјален живот. Склони се на експериментирање, мра зат досада и предвидливост.
ЛИЛЈАНИ: За луѓето кои го сакаат овој вид на цвеќе, познатата цвеќарка од Њујорк мередит Вага Перез, открива дека најчесто се благословени со витка става, долги нозе и заводлива колекција од чевли. Исто така, тие се многу независно во своите односи. Имено, лилјаните се едни од ретките цветови кои се самоопрашуваат. Самозадоволни се и горди луѓе.
НАРЦИС: Овој цвет се поврзува со митот за Нарцис кој имал многу обожавателки, но неговото срце секогаш останувало недостижно. Денес љубителите на нарцисот така се карактеризираат, како Таинствени, малку затворени и со многу ранливо срце. Длабоки се, аналитични и внимателни.
ИРИС: Нежен цвет кој симболизира надеж и слава. За љубителите на овој цвет може да се каже дека се полни со достоинство, храброст и позитивна енергија. Секогаш можете да се потпрете на нив без страв дека ќе ве изневерат.
Докажано е дека за секој човек може многу да се каже според работите кои ги сака или не – па така и за неговото омилено цвеќе. Пронајдете се и вие, па напишете во коментар дали во ова има вистина…
Како да ги одржите вашите цвеќиња свежи подолго време? Доколку сте добиле букет, не се разочарувајте дека ќе ви овене после 1-2 дена бидејќи со следниот метод цвеќињата остануваат свежи и по 1 седмица.
Отстранете ги сите долни листови и исечете ги стеблата под агол. Причината за аголното сечење е да се зголеми површината, овозможувајќи на цвеќето да апсорбира повеќе вода (под агол од 45 степени). Отстранете ги надворешните исушени ливчиња и зелените листови кои се наоѓаат под површината на водата.
Доколку имате рози, стебленцето нежно тркалајте го меѓу дланките неколку секунди. Кружните движења овозможуваат ливчињата да се отворат повеќе, создавајќи целосно цутење. Во водата додајте 1 лажица шеќер и 2 лажици оцет (шеќерот содржи хранливи материи за растението, а оцетот ги уништува бактериите, па затоа цветот не овенува после неколку дена)
Додајте и неколку коцки мраз како дополнителен поттик за цвеќето да остане свежо подолго. Направете решетка со селотејп ленти (коцки) на врвот од вазната за да ги одржите цвеќињата исправени и да изгледаат поисполнети.
Во вазната прво ставете ги најголемите и најбујните цветови. Наросувајте ги цветовите со раствор од вода и оцет бидејќи листовите апсоpбираат вода и од нивните ливчиња. Менувајте ја водата на два до три дена и правете нова со гореспоменатите состојки. Исто така на секое менување на водата поткаструвајте ги стебленцата под агол. Чувајте ги подалеку од директна сончева светлина, радијатори, конвектори и други извори на греење.