Доколку имате фиксен прозор, сигурно се соочувате со реален проблем кога станува збор неговото чистење.
Меѓутоа и за овој проблем има решение!
Иако е најдобро да се одбегнуваат и да не се вградуваат фиксни прозори кај кои е оневозможен пристап од надворешна страна, сепак понекогаш е невозможно да се одбегне таквото решение.
Доколку имате ваков случај, сигурно веќе се прашувате – како да се одржува неговата чистота?
Тука на сцена стапува едно иновативна алатка за чистење на прозори – Глидер, кој функционира со помош на магнети. Мора да признаеме, многу креативна алатка која на многумина им заштедила пари и време.
Глидер всушност е чистач на прозори кој овозможува да ги измиете прозорите од надворешна страна, а вие сепак да останате внатре.
Со вас е поврзан со сигурносна врвка која завршува со прстен, кој го носите на рака во случај ако падне чистачот, што речиси никогаш не се случува.
Но, најдобро е сами да погледнете како оваа алатка функционира во видеото подолу. Во Европските држави веќе со години имаат и користат негови верзии. Да се надеваме дека наскоро овој производ ќе се појави и во нашите продавници со достапна цена за секого.