Чекорот до блескаво купатило и кујна најчесто го реметат местата помеѓу плочките и елементите, т.е. фугите.
Нивната основна функција е пополнување на празните простори и спречување на водата да продре во ѕидот или подот, но истовремено тоа се меѓу највалканите површини во куќата каде се таложат влага и нечистотија.
Отстранувањето на нечистотиите од фугите, за многумина е невозможна мисија, но затоа постојат 4 решенија со кои нивното чистење значително ќе ви се олесни:
1.Прашакот за печиво помешајте го со вода и добиената смеса нанесете ја на фугите со помош на некоја стара четкичка за заби. Површината добро истријте ја и оставете да делува 10-тина минути, после тоа исплакнете и фугите ќе бидат чисти.
2.Доколку на фугите има видлива црна мувла, за нивно отстранување ќе помогне избелувач со кислород. Ова средство не е отровно и не ја оштетува површината на плочките.
Потребно е избелувачот да се помеша со вода во однос 1:3, а со растворот да се прелијат плочките и да се остави да делува 15 минути. Потоа со влажна крпа се пребришуваат плочките и фугите.
Прочитајте како да го спречите полнењето на фугите со нечистотија:
3.Раствор направен од врела вода и сол во однос 2:1 може да помогне во чистење на фугите.
Растворот прелијте го преку плочките и оставете да делува 20 минути. Потоа фугите треба да се исчеткаат со четка, и да се исплакне убаво со вода.
4.За да се намали задржување на влага и нечистотија врз плочките и фугите, двапати годишно премачкајте ги со восок за автомобили. Овој мазен слој ќе го спречи задржувањето на водата врз фугата.
Исто така, за подолгорочно решение помага и бојата за фуга која е отпорна на мувла. Премачкајте ја фугата во тенок слој.