Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ
Потребни состојки:
500 г кадаиф
250 г путер
100 мл масло
1 лажица кравјо масло
доста ореви ситно и крупно сечкани (околу 400-500 г)
Постапка:
Половина од кадаифот рамномерно распоредете го во тепсија 35х25 см или по желба. Наросете со доста сечкани ореви. Распоредете ја и преостанатата половина кадаиф. Фино и еднакво распоредете, па лесно притиснете со дланката одозгора.
Одозгора полијте со 250 г растопен путер и помешан со 100 мл масло. По желба ставете 1 лажица кравјо масло кое можете да го купите во продавница. Дома се добива така што ќе растопите путер и ќе го изладите. Има посебен мирис и вкус кога ќе му се додаде на кадаифот, блаквата, гурабиите…
Кадаифот се става да се пече на 200 степени додека да започне да заруменува, па потоа намалее на 180 степени околу половина час и оставете 15-тина минути или повеќе на 150 степени за да се исуши убаво. Сè зависи од рерната и силината на струјата.
Кадаифот треба да остане жолт и готов е кога малку ќе се собере и ќе се одвои од страните на тепсијата – кога ќе се протресе тепсијата, кадаифот се поместува.
Изладениот кадаиф се полева со врел сируп. За кадаиф потребен е посилен шербет. Ако е редок шербетот, кадаифот тогаш нема да биде добар и повеќе ќе биде како сварен.
За шербет:
1,5 кг шеќер
1 литар вода
варете околу 10-тина минути. Најдобро е да се проба меѓу прсти, треба лесно да лизга.
За оние кои не знаат што е КАДАИФ:
Тоа се тенки ленти од печено тесто со јајца слично на тестенините за супа, само што овие се подолги и свиткани. Постојат посебни машини за кадаиф и обично се профава по половина килограм.