Фото и рецепт: Родна Трпеска
Потребни состојки:
500 г кадаиф
250 г путер/маргарин
За фил:
5 јајца
5 лажици шеќер
200 г мелени ореви
За шербет:
1,2 кг шеќер
800 мл вода
1 лимон
Постапка:
Половина килограм кадаиф се дели на два дела. Едниот се реди во тепсија, се прска со половина растопен маргарин, па се реди филот и другата половина кадаиф, па останататаполовина маргарин.
Се пече на тивко додека да ја добиете посакуваната боја.
Фил: 5 јајца се матат убаво со 5 лажици шеќер, па се додаваат 200 г мелени ореви.
За шербет: 1,2 кг шеќер со 800 мл вода се става на оган да се вари 10 минути, па се додава еден лимон.
Ладен кадаиф се полева со топлиот шербет. Пробајте, нема да погрешете.
Фото и рецепт: Родна Трпеска