Домашно замесеното тесто е највкусно, посебно кога е послужено топло. Овие уштипци се многу вкусни и сѐ што ви е потребно да ги направите е 1 јајце, малку јогурт и брашно. Тестото лесно се соединува и не треба да сте експерт во кујната за да ги направите. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 200 мл јогурт, 400 г брашно, 1/2 лажичка сол, 1 лажичка прашок за печиво, 1 лажица масло. Од оваа количина излегуваат 16 уштипци, а по потреба соодветно зголемете ги количините. Во продолжение прочитајте ја постапката:
ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете едно јајце на собна температура и изматете го со кујнска жица или маталка, додека да стане пенасто. Малку посолете додајте 200 мл течен и густ јогурт на собна температура, па продолжете со матење додека да се соединат состојките.
Потоа додајте го брашното (оставајќи 50-80 г за подоцна) заедно со една кесичка прашок за печиво, па продолжете да мешате со маталката или со дрвена лажица додека да се впие течноста. Додајте 1 лажица масло и измешајте додека целосно да се впие во брашното.
Остатокот од брашното додававајте го постепено. Кога веќе не може да се меша со лажица или маталка, продолжете да го месите со рака. Месете додека да добиете компактно тесто кое не се лепи за рака. Постепено нафрлајте си од брашното додека месите. Тестото треба да биде со средна цврстина, да не е премногу меко.
Обликувајте го тестото во топка, па бидејќи не треба да отстојува, веднаш пренесете го на набрашнета рамна површина. Раширете го малку со дланките колку да му дадете облик, а потоа развлечете го со оклагија. Кората треба да има дебелина приближно 5 мм, односно не треба да биде многу тенка.
Тестото развлекувајте го полека, додека од сите страни да се развлече подеднакво. Сечете правоаголници или 16 триаголници, како што направив јас. Во широка тава сипете масло (два прсти длабочина), па загрејте го на умерена температура.
Штом започнете со пржење на уштипците намалете ја малку температурата. Пржете ги додека убаво да заруменат од едната страна, па превртете ги на вторта страна. Пржете додека да видите пукнатини во тестото и да почне да расте, па свртете на другата страна и кратко пропржете до заруменување.
Повторно превртете го кратко на првата страна додека да порумени, а потоа вадете ги на салфетка за да се исцеди вишокот масло, иако тие навистина не впиваат многу масло. Послужете ги топли или ладни (секако се убави). Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.